Карловачка митрополија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Карловачка митрополија
Remove ads

Карловачката митрополија била независна и самоуправна православна митрополија во Хабсбуршката Монархија, и пред крајот на своето постоење, во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Името го добила по своето долгогодишно седиште во Сремски Карловци. На почетокот имала автономен статус во рамките на Пеќската патријаршија, а после нејзиното укинување Вселенската патријаршија преќутно ја признала за потполно независна и самоуправна.

Thumb
Соборната црква Св. Никола во Сремски Карловци, изградена од 1758 до 1762
Кратки факти Карловачка митрополија Карловачка митрополијаKarlovačka mitropolija, Место ...

Од 1848 до 1920 митрополитот карловачки почесно ја носел титулата патријарх српски, која Вселенската патријаршија не ја признавала. Последен митрополит, од 1907 до 1913, бил Лукијан Богдановиќ. По неговата смрт, митрополитскиот престол останал празен последните седум години од неговото постоење. Во 1920 година, Карловачката митрополија била споена со останатите црковни области во Кралството СХС во единствена Српска патријаршија.

Иако долго време била отсечена од Пеќската патријаршија, Карловачката митрополија успеала да опстане, па дури и да ја надживее. Со својата работа допринела за зачувување на православието и единството на српскиот народ.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads