Катерина Крстева

From Wikipedia, the free encyclopedia

Катерина Крстева
Remove ads

Катерина Крстева (20 јули 1941 , Велес9 јануари 2023 , Скопје) — македонска театарска, филмска, телевизиска и гласовна глумица, позната како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гане“.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Крстева била омажена за Мишо Ратковиќ, а на возраст од 49 години останала бремена по што го родила синот Александар. Набргу, нејзиниот сопруг починал, така што таа се грижела за синот како самохрана мајка. Александар живеел со мајка си, а починал во септември 2022 година.[1]

Крстева починала на 9 јануари 2023 година во Скопје, а била погребана истиот ден на градските гробишта во Бутел.[2]

Театарски улоги

Во 1960 година, Крстева се вработила во Драмски театар - Скопје, од 1964 до нејзиното пензионирање работела во Македонски народен театар во Скопје. Првата улога во МНТ ѝ била онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991).[3] Покрај нејзиниот матичен театар МНТ, таа играла и во „Театарот за деца и младинци“ во Скопје, каде оставила траен белег со претставата „Црвенкапа“ (2001) во улога на "Бабата", која долги години ја играла. Таа долги години, од 1976 до 2017 година, била дел од радио-емисијата "Хихирику" со која имале претстави и концерти во "Универзална сала – Скопје", биле и неколку пати во: Австралија, Канада и Америка.

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1967Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија
1970Александра ТВ-филм
1973Илустриран ТВ Речник ТВ-серијаСтевка
1975Простодушна љубов ТВ-серијаНиколинка
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1978Шеќерна приказна ТВ-филм
1979Хихирику Радио-емисија
1980Учителот ТВ-филм
1981Милион маченици ТВ-филм
1982Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1982Едно лето ТВ-серија
1984Камчевци ТВ-серија
1984Хихирику - 5 години ТВ-серија
1985-1987Случки од животот ТВ-серијаСоседката
1987Театарче лево ќоше ТВ-филм
1989Цвеќе на карпата ТВ-филм
1990Тврдокорни ТВ-серија
1990Трст виа Скопје ТВ-серијаВарена
1990Алф од Ново Лисиче ТВ-филмАјше
1991Поштар ТВ-филмМара
1991Во кафулето кај Гане ТВ-филмМара Попара
1992Чудовиштата во нашиот град ТВ-серијаБаба Рога
1995Во светот на бајките ТВ-серијаБабата
1995Македонски народни приказни ТВ-серија
1999Хихирику ТВ-серија
2000Погрешно време ТВ-серијаВеса
2000-2001Светот има осум страни ТВ-серија
2001Агенција осамени срца ТВ-серија
2003Битолски лакрдии ТВ-серијаМими
2004Хихирику ТВ-серија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads