Каја (држава)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Каја (држава)
Remove ads

Каја или Kaрени е една од седумте држави на Мјанмар. Сместена е во источниот дел на земјата и се граничи на север со Шан, на исток со Тајландската провинција Мае Хонг Сон и на југ со Карен. Лежи помеѓу 18° 30' и 19° 55' северна латитуда и помеѓу 94°40' и 97° 93' источна лонгитуда. Има површина од 11.670 км2 (4,530 m²). Главен град е Лојко. Во 1998 според УНИЦЕФ имаше 207.357 жители.

Кратки факти
Thumb
Remove ads

Историја

Во август 1948, водачот на Карени У Би Хту Ре беше убиен од владината милиција поради политички причини.

На 5 октомври 1951, државата Карени, според тогашниот закон беше преименувана во држава Каија.

Следуваат години со активни кампањи за независност сè до 1996 кога владата почна со непопуларната кампања за раѕмена на населението и нивно разместување по целата територија на Мјанмар. Така беа дури и цели села преместени во други региони. Со тоа следуваа и немири и масовни напуштања на домовите. Тоа резултира со отворање на големи бегалски кампови во Тајланд, каде десетици илјади го бараа своето прибежиште.

Remove ads

Деморгафија

Во Каија етничкиот состав е доста разновиде. Па така тука според пописот од 1983 спроведен од ООН најмногубројни се Кајаните со 56.12%, па Карените (6.45%), Бамарите (17.58%), Шаните (16.66%), и други.

Административна поделба

Главен град е Лојко. Каија е поделена на 2 дистрикта (Болак и Лојко) кои се поделени на 7 градски општини и 106 села и квартови.

Стопанство

Поради лошата политичка состојба во минатото Каија нема развиена економија. Земјоделиуето преовладува најмногу. Се произведува ориз, пченка, сусам и слично. Од минералите најмногу се ваѓа калај, алабастер, и волфрам. Поради големиот број на реки Каија обезбедува 20% од вкупната електрична енергија на Мјанмар.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads