Кеге

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кеге
Remove ads

Кеге е значаен град во Данска, поточно во источниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Зеланд, каде со околните населени места претставува општина, Општина Кеге. Денес Кеге има околу 35.000 жители во градот и околу 57.000 жители во поширокото градско подрачје.

Кратки факти Кеге, Управа ...
Remove ads

Природни услови

Куге се наоѓа во источниот дел на Данска. од главниот град Копенхаген, Кеге е оддалечен само 40 километри југозападно.

Релјеф: Градот Кеге се наоѓа во јужниот дел на данскиот остров Зеланд. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на градското средиште се движи помеѓу 0-10 метри.

Клима: Климата во Кеге е претежно умерено-континентална по големо влијание на Атлантикот и топлата голфска струја.

Води: Кеге се формирал непосредно до Балтичко Море, пред неговото стеснување во Ересундски мореуз. Старото градското езеро се формирало на место на сливот на истоимената река Кеге во морето.

Remove ads

Историја

Подрачјето на Кеге било населено уште во времето на праисторијата. Населбата првпат се споменува околу 1100 година, а во 1288 година ги добило градските права.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население

Денес Кеге има околу 35.000 жители во градските граници и околу 57.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Кеге до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads