Зеланд (остров)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Зеланд (остров)map
Remove ads

Зеланд или Шеланд (дан. Sjælland) е најголемиот остров на Данска. Поврзан е со Фунен во Данска со Мостот преку Големиот Појас и со Шведска преку Амагер и со Ересундскиот мост.

Кратки факти Sjælland, Географија ...
Thumb
Гефјон како го откорнува Зеланд од Шведска.

Главниот град на Данска, Копенхаген, е делумно расположен на источниот брег на Зеланд, а делумно на Амагер. Други градови на островот се Роскилде и Хелсингер.

Remove ads

Митолошко потекло

Според нордиската митологија, островот го создала божицата Гефјон откако го измамила кралот на Шведска, Гилфи, согласно преданието „Измамата на Гилфи“ (Gylfaginning). Таа откорнала парче земја и го одвела во Данска, каде било наречено Зеланд. Дупката се наполнила со вода, и така настанало езерото Меларен.[1] На современите карти се забележува сличноста помеѓу островот и езерото Венерн, па затоа некои сметаат дека приказната се однесува на ова место.

Remove ads

Географија

Зеланд е најнаселениот остров на Данска, со вкупно 2.491.090 жители[2] и, со површина од 7.031 км2, втор по големина во кралството, по Гренланд. Островот е поврзан со Фунен со мостот преку Големиот Појас и од покраината Сканија во Шведска со Ересундскиот мост. Има неправилен облик, и сместен е северно од островите Лоланд, Фалстер и Мен.

Населени места

Ова е список на населени места на островот, подредени по број на жители.

Повеќе информации Бр., Место ...

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads