Кизили
село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кизили или Кизели (грчки: Ορέσκεια, Орескија; до 1926 г. Κιζιλή, Кизили[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 45 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Серско Поле, на 1 км западно од соседното село Ежово и околу 13 км југоисточно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 140 м.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Кизили било турско село во Серската каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Зили (Zili) имало 28 домаќинства со 25 жители муслимани и 50 жители Македонци.[4][5]
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Кизили:
„ | Казали Маала: жителите се турски коњари, 3 часа од Нигрита.[6] | “ |
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 129 жители. Селото наполно настрадало во Првата светска војна, поради што не се спомнува во пописот од 1920 г.[3]
Кизили било обновено во 1923 година, кога се населени 18 бегалски семејства (вкупно 97 бегалци).[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Орескија (Ορέσκεια).[2]
Remove ads
Стопанство
Населението одгледува памук, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.[3]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ежово, во кој влегува и селото Ежово.
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Преображение“ — гробишен храм, изграден во 1923 г.
Кули
- Светомаринска кула од XI век, прогласена за споменик на културата
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads