Ежово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ежово (грчки: Δάφνη, Дафни; 1927-1928 г. Νεροπλατάνα, Нероплатана;[2] до 1927 г. Έζιοβα, Езјова,[3]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Било населено со погрчени Македонци и Турци, иако изворите ги наведуваат првоспоменатите како „Грци“.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа јужно од Сер на реката Ежовица во Серското Поле. Лежи на околу 5 км јужно од Џинџос.[4][5]
Историја
Средновековие
Во XIV век Ежово (Εζεβών) било седиште на Ежовско-стефанинската епископија во рамките на Серската митрополија.[6][7][8] На Богданска Планина над селото има остатоци од средновековната тврдина, седиште на епископот. Близу Светомаринската кула е средновековниот пештерен параклис „Св. Марина“.[9] Во селото исто така има и средновековна одбранбена кула од XV век.[10]
Во Отоманското Царство
Во османлиските дефтери од средината на XV век Ежово е споменато со 10 глави на семејства и еден ерген: Дабижив, Коста, Никола, Јано, Џуро, Петро, Драгаш, Јорг, Јорг, Којо и Јано. Вкупниот приход од селото изнесувал 510 акчиња.[11]
Околу 1459 г. Мехмед II ѝ го дал Ежово и околните села на неговата маќеа Мара Бранковиќ, која живеела во селото.[12] Таа имала намера да ги завешта на некој од светогорските манастири, но по нејзината смрт во 1487 г. османлиската држава си ги вратила. Во 1501-1507 г. Бајазит II го подарил Ежово на еден новооснован цариградски вакаф.[13] Се смета дека Мара некогаш живеела во одбранбената кула во Ежово.[14]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ежово (Ejovo) било село со 92 домаќинствана 110 муслимани и 160 „Грци“.[15]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Ежово:
„ | Ежјово или Ежово: село со мешано население; една црква, една џамија; християните се Грци, а муслиманите Турци Коњари; се наоѓа на 5 часа од Сер.[16] | “ |
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Ежово, поскоро паланка отколку село, сместено на 1 час на ЈИ од Тахино и на 71⁄2 од Сер. Во ова село има пазар секој вторник; има чаршија со многу анови и дуќани. 60 македонски куќи и 60 грчки.[17] Грчка црква и грчко училиште.[18] | “ |
На почетокот на XX век Ежово било село во Серската каза на Серскиот санџак. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 750 жители, од кои 350 турци и 400 „Грци“.[19] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Ежово (Ejovo) се состоело од 400 „Грци“.[20]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 534 жители, а во 1920 г. во него се попишани 586 лица.[21] Во 1924 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Ежово е претставено како мешано село со 1.000 жители[21] од кои 411 лица (103 семејства) биле грчки дојденци.[22] Во 1927 г. селото е преименувано во Нероплатана, а во 1928 г. во Дафни.[23]
Во 1926 г. во Ежово е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.[9]
Во текот на 1960-тите години дошло до значаен пад на населението поради иселвуањето во поголемите градови.[21]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Венедикт Ежовски (? – 1821) — маченик и светец
- Јоанис Кунтурас — деец на грчката вооружена пропаганда[25]
- Апостолос Паприкас или Памбрикас — деец на грчката вооружена пропаганда[26]
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- „Св. Марина“ од средниот век, прогласена за споменик на културата
- „Св. Ѓорѓи“ од 1926 г.
- Кули и тврдини
- Светомаринска кула од XI век, прогласена за споменик на културата
- Мариина кула од 1374 г., прогласена за споменик на културата
- Ежовска тврдина од средниот век
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads