Тахино

село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тахиноmap
Remove ads

Тахино (грчки: Αχινός, Ахинос) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 365 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено со погрчени Македонци.[2]

Кратки факти Тахино Αχινός, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во Серското Поле, 3 км од десниот брег на реката Струма[2] и 5 км северно од Џинџос.

Историја

Во Отоманското Царство

Селото е основано во XVII век на брегот на Тахинското Езеро.[3] Во XVIII век е изградена црквата „Св. Константин и Елена“.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ де вели дека во 1873 г. Тахино (Tahino) било село со 158 домаќинства, со 480 жители Грци (т.е. погрчени Македонци).[4]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Тахино:

Тахино, Ахино или Таинос: христијанско село близу до езерото Ахино [Тахинско]; 1 црква, 1 училиште, жителите се Грци [погрчени Македонци], занимањето им е земјоделство и риболов, 8 часа од градот.[5]

На почетокот на XX век Тахино било село во Серската каза на Серскиот санџак. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Тахинос имало 650 жители Грци (т.е. погрчени Македонци).[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Тахинос (Tachinos) се состоело од 750 Грци (т.е. погрчени Македонци) и во селото имало грчко училиште.[7]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 557 жители кои во 1920 г. доживале мал пад на 535 лица.[2] Во 1923 г. во Тахино се доведени 40 грчки семејства од Турција си вкупно 131 жител, со што селото станало етнички мешано.[2]

Со исцедувањето на Тахинското Езеро во 1935 г. добиени се нови обработливи површини, на кои се сместени поголем број дополнителни грчки дојденци од Понд.[3] Со тоа, во 1940 г. населението се накачило на 1.158 жители. Поради погодните услови, растот продолжил во следните десетлетија, достигнувајќи 1.502 лица во 1961 г. Во следните периоди бројот на жители почнал да се намалува, за во 2011 г. да се намали тројно во споредба со бројноста на почетокот од 1960-тите.

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

Стопанство

Селото има многу плодна почва која дава високи приноси во две реколти годишно. Се произведува доста памук, жито и други земјоделски производи, а развиено е и краварството.[2]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads