Џул

From Wikipedia, the free encyclopedia

Џул
Remove ads

Џул (од англ. joule; симб. J, Џ) — изведена единица за енергија или работа[1] во Меѓународниот систем на мерни единици. Еден џул е еднаков на потрошената енергија (или завршената работа) со примена на сила од еден њутн низ a растојание од еден метар (1 њутнметар, N·m), или струја од еден ампер што минува низ отпор од еден ом за време од една секунда. Го носи името на англискиот физичар Џејмс Џул (1818–1889).

Кратки факти џул, Информации за мерката ...

Најпрвин изразен во основни SI-единици, а потоа во други единици од тој систем:

каде N е њутн, m е метар, kg е килограм, s е секунда, Pa е паскал, а W е ват.

Еден џул можеме да го дефинираме и како:

Remove ads

Забуна со њутнметарот

Иако џулот ги има истите димензии како њутнметарот (1 J = 1 N·m = 1 кг·m2·s−2), овие две единици не се истоветни бидејќи њутнметарот (N·m) е единица за момент на сила а џулот е единица за енергија.[2] Моментот на сила и енергијата се меѓусебно поврзани со следнава равенка:

каде E е енергијата, τ е величината на моментот, а θ е аголот на поместување (во радијани). Бидејќи радијанот е бездимензионална величина, следува дека моментот на сила и енергијата имаат исти димензии.

Моментот на сила и енергијата имаат иста димензија бидејќи обете се пресметуваат со помножување на силата со растојанието. Меѓутоа тие истот ака значајно се разликуваат: кај моментот на сила, со множењето се добива векторски производ, додека пак кај работата добивање скаларен производ. Исто така, кај моментот на сила растојанието важи за лост, додека кај енергијата растојанието го минува предмет под влијание на таа сила.

Remove ads

Практични примери

Еден џул во секојдневниот живот е приближно еднаков на:

  • потребната енергија за да дигнеме едно мало јаболко вертикално еден метар во височина. (маса од прибл. 102 гр = 19,81 кг)
  • енергија што ја оддава истото јаболко кога ќе падне од еден метар височина.
  • енергијата во облик на топлина што ја ослободува едно лице во мирување, секоја 160 од секундата.[3]
  • кинетичката енергија на лице тешко 50 кг што се движи многу бавно (0,2 м/с).
  • кинетичката енергија на едно тениско топче што се движи со брзина од 23 км/ч.[4]
Remove ads

Содржатели

Кратки факти Помали, Поголеми ...

Во други единици

1 џул е еднаков на:

  • 1⋅107 ерга (точно)
  • 6,24150974⋅1018 eV (електронволти)
  • 0,2390 cal (термохемиски грамкалории или мали калории)
  • 2,3901⋅10-4 kcal (термохемиски килокалории, килограмкалории, големи калории или прехранбени калории)
  • 9,4782⋅10-4 BTU (британска топлотна единица)
  • 0,7376 ft·lbf (стапки-фунти сила)
  • 23,7 ftpdl (стапка-фунтал)
  • 2,7778⋅10-7 киловат-час
  • 2,7778⋅10-4 ват-час
  • 9,8692⋅10-3 литар-атмосфери
  • 11,1265 фемтограма (еднаквост маса-енергија)

Единици што се определуваат точно во џули:

  • 1 термохемиска калорија = 4,184 J[5]
  • 1 калорија од меѓунар. таблица = 4,1868 J[5]
  • 1 ват-час = 3600 J
  • 1 киловат-час = 3,6⋅106 J (или 3,6 MJ)
  • 1 ватсекунда = 1 J
  • 1 тон ТНТ = 4,184 GJ
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads