Ким Џонг Ун
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ким Џонг Ун или Кин Џонгун[3](8 јануари 1983 или 1984)[4] — сегашниот врховен водач на Северна Кореја. Ким Џонг Ун е назначен и за Прв секретар на Работничката Партија на Кореја, претседател на Централниот воен комитет, претседател на Националниот одбранбен комитет, врховен командир на Корејската народна армија и член на президиумот на централното политбиро на Работничката Партија на Кореја. Тој бил официјално назначен за врховен водач по државниот погреб на неговиот татко, Ким Џонг Ил, на 28 декември 2011 година.[5] Џонг Ун е трет и најмлад син на Ким Џонг Ил и Ко Јонг Хи.[6] Моментално, според состојбата од 2012, тој е намлад водач во светот.
Remove ads
Животопис
Датумот на раѓање на Ким Џонг Ун не е сосема познат, но се верува дека тој е роден во 1983 или 1984 година.[4] Севернокорејските власти формално му дале датум на раѓање и тоа на 8 јануари 1983 година, но во 2009 година 1983 била заменета со 1982 година како негова година на раѓање. Ова најверојатно е дел од подготовките на властите да го промовираат Ким Џонг Ун во следен водач на Северна Кореја бидејќи ако е роден во 1982 година во 2012 година би имал 30 години што е важен момент за преземање на власта.[7]
Се претпоставува дека Ким Џонг Ун своето образование го стекнал во Берн, Швајцарија во училиште на англиски јазик сè до 1998 година под псевдоним, иако ова не е сосема потврдено.[8] Тој зборува корејски, англиски но и малку германски јазик[9] и француски јазик. Ким Џонг Ун обожува скијање и е обожавател на Мајкл Џордан и Жан-Клод ван Дам.[8][10]
Денес постои само една фотографија од Ким Џонг Ун, најверојатно сликана во 1990-те година, кога имал 11 години.[11] Нема други достапни слики за Ким Џонг Ун.[12]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads