Кирил Георгиевски

политичар From Wikipedia, the free encyclopedia

Кирил Георгиевски
Remove ads

Кирил Георгиевски – Дејан (15 август 1910 во Прилеп30 април 1986 во Скопје) — македонски комунист, првоборец, инженер-архитект, политичар, државник и резервен потполковник на ЈНА. Бил носител на Партизанска споменица 1941.[1][2]

Thumb
„Шумите се богатство на нацијата и човештвото“ — Киро Георгиевски - Дејан

Животопис

Thumb
Членови на ГШ на НОВ и ПОМ на планината Кожув, јануари 1944 година, Михајло Апостолски, Милица Вукмановиќ и Киро Георгиевски - Дејан

Завршил Технички факултет во Белград. Како член на КПЈ (1941) дејствувал во народно-ослободителното движење во Скопје (1941-1943), поради што во отсуство бил осуден на смрт од страна на бугарскиот окупатор.[2] Во НОАВМ бил член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ (од кон крајот на 1943), а работел на територијата на Втората оперативна зона и Вториот областен комитет, а служел и за врски со партизанските единици од територијата на Македонија под Грција (Егејска Македонија).[1][3] Бил избран за: делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат-учесник на Првото заседание на АСНОМ и заменик на началникот на ОЗНА за Македонија (до 1945 година).

По Ослободувањето на Македонија, бил министер за комунални работи на НРМ, претседател на Планската комисија на НРМ, претседател на Советот за пошумување на голините, генерален секретар на Владата на НРМ, претседател на Републичкиот совет на Собранието на СРМ, член на ЦК на КПМ/СКМ и на ЦК на КПЈ/СКЈ и претседател на Црвениот крст на Македонија.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads