Киро Дојчиновски

Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Киро Дојчиновски (Велмевци, 19 август 1937 ) ― македонски историчар.

Кратки факти Киро Дојчиновски, Роден(а) ...

Животопис

Дојчиновски е роден во 1937 година во демирхисарското село Велмевци. Завршил Филозофски факултет на Универзиитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирал во Загреб, а докторирал на темата „Културното наследство на Македонија преку пишаниот збор“ во Сараево. Бил раководител на Македонска библиографија во НУБ „Св. Климент Охридски“, бил директор на Државниот архив на Македонија.[1], бил Претседател на Дирекцијата за култура и уметност во Град Скопје и бил пратеник во Собранието на Македонија (2002 - 2006)[2]

Remove ads

Библиографија

Дојчиновски има напишано над десет книги, некој негови, некој напишани со други соавтори:

  • „Скопје низ вековите“ првпат издадена 1994
  • „Занаетите и еснафите во Скопје“ првпат издадена 1996
  • „Актуелни задачи на архивите во времето на транзицијата“ првпат издадена 1996
  • „Старата Скопска чаршија“ првпат издадена 1996
  • „Творештвото на браќата Манаки-зборовник“ првпат издадена 1996
  • „Настаните на Скопското Кале,7 јануари 1945-документи“ првпат издадена 1997
  • „Занаетчиска комора на Скопје“ првпат издадена 1997
  • „Скопје во НОВ 1941-1945, книга 1“ првпат издадена 1997
  • „Македонија низ вековите“ првпат издадена 1999
  • „Скопје-Паралели“ првпат издадена 1999
  • „Тие му дадоа белег на векот“ првпат издадена 2000
  • „Запаметено минато“ првпат издадена 2001
  • „Документи за воената организација во Македонија 1941-1944, книга 1“ првпат издадена 2001
  • „Комуналниот систем и локалната самоуправа во Скопје 1944-2005“
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads