Велмевци

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Велмевциmap
Remove ads

Велмевци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Се простира на падините на Илинска Планина, на патниот правец Кичево-Битола, 25 километри од градот Кичево. Селото обилува со извори, со букова и дабова шума.[3]

Атарот на селото зафаќа површина од 12,1 км2, кој се состои од 211,1 хектар обработливо земјиште, 233,3 хектари пасишта и 729 хектари шуми.

Велмевци се протега на надморска височина од 944 до 957 метри.

Историја

Селото било населено уште од предантичко време, а за првпат во туските документи се спомнува во 1468 година.

Во XIX век, Велмевци се наоѓало во Битолската каза (Демирхисарска нахија) во Отоманското Царство.

Во текот на долгата историја забележано е по Брсјачката буна и Илинденското востание во кои настани велмешани активно учествувале. Во црквата Св. Илија било осветено востаничкото знаме за Демир Хисар за време на илинденското востание и учествувале многу мажи и жени.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Велмевци имало 800 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Велмевци имало 960 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Велмевци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 139 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Велмевци е чисто македонско православно село. Старото село Велмевци пропаднало, па денешното село го имаат обновено доселеници од селото Велмеј, Дебрца, и таму имаат сродници. Овде се доселени средината на ХVIII век.[13][14]

Родови во селото се: Беговци (7 к.); Мирчевци (29 к.); Стевановци (24 к.); Исламовци (10 к.); Смилевци (10 к.); Шкрековци (14 к.); Трпковци (2 к.); сите доселени од селото Велмеј; Пејцовци (24 к.) доселени се од сега раселениот град Закамен, во Струшка Малесија.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Беговци (8 к.), Стевановци со Орманковци, Тумнтевци и Макевци или Маневци (20 к.), Даскаловци со Златановци (8 к.), Смилевци (10 к.), Куковци (2 к.), Шотевци со Миленковци (1 к.), Маркушковци (5 к.), Џивџаровци со Апостоловци (7 к.) и Столевци со Голевци и Крошнаровци (1 к.)
  • Доселеници: Мирчевци (26 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Слатино во Дебрца; Исламовци (9 к.) доселени се од раселениот град Закамен во струшка Малесија; Пејцовци (17 к.) доселени се од раселениот град Закамен во струшка Малесија; Огненовци со Тренчевци (3 к.) доселени се од раселениот град Закамен во струшка Малесија.[15]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поранешното основно училиште во Велмевци
  • Поранешно основно училиште, кое престанало со работа во 1960-тите години[16]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Велмевци, се наоѓале и селата Големо Црско, Кладник, Мало Црско, Прострање и Цер. Општината Мало Црско постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 658 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква во Велмевци
Археолошки наоѓалишта[19]
Цркви[20]
  • „Св. Илија“ — изградена во 1838 година. Иконостасот е направен од Серафим од Тресонче, во 1873 година. Од тој период е и фрескоживописот, кој го има на целата површина во внатрешноста на црквата.
  • „Св. Богородица“ — постара од црквата „Св. Илија". Иконостасот е изработен во 1875 година од мијачки резбари.
  • „Св. Петка“ — изградена во 1999 година.
  • „Св. Марена“ — средновековна црква чии остатоци се наоѓаат над селото. Црквата е во урнатини.
Гробишта
  • Вечното почивалиште на славниот војвода Јордан Пиперката заедно со неговата дружина, каде се наоѓа и споменик.
Споменици
Remove ads

Редовни настани

Личности

Thumb
Селската чешма на која стои фудбалска топка во чест на првата фудбалска екипа во селото создадена во 1909 година.
Родени во Велмевци
  • Киро Дојчиновски — историчар и писател
  • Ванчо Наумов (?-1903) — македонски револуционер од ВМРО
  • Симеон Смилев (1880-?) — македонски револуционер од ВМРО
  • Глигор Стојанов Даскалоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Никола Стојанов Димитријоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
  • Секула Стојанов Андрески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Ставре Лазаров Апостолоски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Крсте Стојков Стефаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Јон Ристев Тренески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Трајан Ристев Тренески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Момир Цветанов Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
  • Велко Цветанов Илијоски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
  • Јанкула Јосифоски (1918-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Други
Remove ads

Култура и спорт

Првата фудбалска екипа во селото било основана во 1909 година, многу години пред тоа да се случи во многу поголеми места и градови низ Македонија.

Во чест на првата фудбалска екипа, чешмата на сретсело има камена топка.[16]

Иселеништво

Ова село важело за печалбарско село, многу од населението се селело од селото во околните и подалечни држави и низ македонските градови, па така до 1952 година иселеници од селото имало во Бугарија (24 семејства), Битола (34 семејства), Ресен (7 семејства), Кичево (5 семејства), САД (4 семејства), Охрид (2 семејства), Демир Капија (1 семејство), Унгарија (1 семејство), Романија (4 семејства), Скопје (4 семејства), Штип (1 семејство) и во Прилеп (5 семејства).[15]

Иселеништвото продолжило и потоа и многу од населението е мигрирано низ градовите во Македонија, прекуокеанските земји (САД, Канада и Австралија) и низ европските земји (Бугарија, Србија, Романија, Хрватска, Шведска, Германија, Франција).[16][26]

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads