Киро Стојановски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Киро Цветков Стојановски ( 1926 во Горно Соње — 16 април 1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство, обработувајќи ги нивите во Јурумлери, каде семејството му се преселило. На 20 ноември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Косово и учествувал во ликвидирањето на заостанатите балистички банди. По успешно извршената борбена задача, заминал за Земун каде посетувал и завршил тримесечна воена обука. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт и во наредните големи борби за ослободување на повеќе села и градови. На 16 април 1945 година во битката за ослободување на Врпоље, нагазил на мина и загинал. Бил закопан кај Врпоље, а подоцна посмртните останки му биле пренесени во Јурумлери.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads