Кисел Вир (Арачиново)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кисел Вир — археолошко наоѓалиште во скопското Арачиново, во истоимената општина. Претставува населба од неолитско време. Сместена е во крајниот југоисточен покраничен дел на селскиот атар, на 3 км североисточно од селото. На десната страна од стариот пат Скопје-Куманово се издига блага височинка која постепено се спушта кон север образувајќи тумба. Веднаш до изворот на кисела вода, во нивите на ЗИГ „Скопско Поле“ се среќаваат фрагменти од керамички садови и делови од куќен лепеж.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads