Клабучишта (Леринско)

село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Клабучишта (Леринско)map
Remove ads

Клабучишта (грчки: Πολυπλάτανο, Полиплатано; до 1926 г. Κλαμπούσιστα, Клабусиста или Κλαμπούτσιστα, Клабуциста[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.

За селото во Албанија видете Клабучишта (Албанија).
Кратки факти Клабучишта Πολυπλάτανο, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 11 км северозападно од Лерин и на 4 км западно от Долно Клештино. Лежи во северозападниот крај на Леринското Поле близу границата со Р Македонија.

Историја

Во Отоманското Царство

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Клобучище како македонско село.[3][4] Во 1861 г. на етничката карта на долината на Вардар Јохан фон Хан го бележи Глабуштица (Glabuschtitza) како албанско село.[5] На почетокот на XX век Клабучишта било мешано македонско-арнаутско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 750 жители Македонци христијани и 100 жители Арнаути муслимани.[6][7] На почетокот на XX век сите христијански жители на Клабучишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Клабучишта е претставено како мешано македонско-албанско-влашко село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 61 куќа.[8] Во селото правела напори грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Клабучишта имало 400 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште.[9]

Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) Клабучишта пред Балканските војни имало 50 куќи на Македонци христијани и 20 куќи на Арнаути муслимани.[10]

Во Грција

Thumb
Селското училиште
Thumb
Обработка на реколтата во Клабучишта, октомври 1916 г.

Селото било окупирано од грчка војска и по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 688 жители кои во 1920 г. биле 628 лица.[11] Во 1924 г. албанските жители на Клабучишта се иселени, и на нивно место е доведен 181 грчки дојденец од Кавказ. Во 1928 г. Клабичишта е претставено како мешано домородно-дојденско село со 29 дојденски семејства сочинети од 128 лица.[12] Во 1926 г. селото е преименувано во Полиплатано.[13]

Селото не настрадало позначајно во Граѓанската војна и само мел дел од неговите жители се преселиле во НР Македонија. По војната имало бран на иселување во прекуокеанските земји. Според Тодор Симовски соодносот помеѓу доморотното население и потомците на кавкаските бегалци изнесува 3:1, иако потоа намален заради иселување.[11]

Според истражување од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-дојденско“, во кое „македонският јазик“ е одлично зачуван, а понтскиот грчки е слабо задржан.[14]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

Личности родени во Клабучишта:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads