Долно Клештино

село во Леринско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Клештино
Remove ads

Долно Клештино (грчки: Κάτω Κλεινές, Като Клинес; до 1926 г. Κάτω Κλέστινα, Като Клестина[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 394 жители (2011).

Кратки факти Долно Клештино Κάτω Κλεινές, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа крај Стара Река, 7 км северно од Лерин и 21 км јужно од Битола, во пазувите на планината Баба, на надморска височина од 620 м.[3]

Историја

Османлиско време

Thumb
Клештино за време на Првата светска војна

Селото првпат се споменува во турски тефтер од 1468 г. под името Клештино со 97 домаќинства.[4] Во 1481 г., по само 13 години, селото нараснало на дури 213 домаќинства. Според тефтерите, населението одгледувало лозје, ореви, кромид, лук, зелка, грав, лен, свињи и свилена буба.[5]

Селската црква „Рождество на Пресвета Богородица“ е изградена во 1835 г.[6] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал селото (Клештина) како македонско.[7][8] Во 1861 г. австрискиот дипломат Јохан Георг фон Хан на етничката карта на долината на Вардар до обележал селото како македонско.[9] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Клештени (Dolno-klechténi) било село во Леринската каза со 180 домаќинства и вкупно 550 жители Македонци.[10][11]

Некаде во последната четвртина на XIX век во Долно Клештино се доселиле Албанци и тоа станало мешана населба. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото имало вкупно 550 жители, од кои 400 Македонци[10] и 150 Албанци муслимани.[12] На почетокот на XX век Долно Клештино било едно од малкуте македонски села под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарска егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 540 Македонци[10], подложени на грчка пропаганда со тоа што во него реботело грчко училиште.[13]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долна Клешта се води како мешано македонско-албанско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.[14]

Припојување кон Грција

Thumb
Опрема на Антантата во Долно Клештино.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 750 жители.[3]. Истата година, во текот на Втората балканска војна селото било окупирано од Бугарите, но набргу вратено на Грција. Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 45 македонски и 50 албански куќи. Во 1920 г. се заведени 792 жители.[3] Со Лозанскиот договор во 1924 г. албанското население на Долно Клештино е иселено во Турција и на негово место се доведени 133 Грци од Понд. Во 1928 г. селото е заведено како мешано, со 817 жители[3], од кои 288 биле грчки доселеници (77 семејства).[15] В 1926 селото е преименувано во Като Клине.[16]

Со Граѓанската војна и прогоните на грчките власти по неа се случило големо иселување на македонското население во Р Македонија и источноевропските, а во 1960-тите дошол втор бран на големи иселувања во прекуокеанските земји.[3] И покрај овие иселувања, бројниот сооднос на Македонците во однос на грчките доселеници останува 3 спрема 1.[3]

Според истражувањето направено во 1993 г. Долно Клештино е населба од мешан (мештанско-бегалски) карактер. Во него се вели дека македонскиот јазик во селото е зачуван на средно ниво, а понтискиот грчки на ниско.[17]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Долно Клештино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долно Клештино, каде тоа е единствено населено место.

Стопанство

Населението на Долно Клештино се занимава со земјоделство, овоштарство и сточарство.[3]

Личности

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads