Класична митологија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Класична митологија
Remove ads

Класична митологија, позната и како грчко-римска митологија — колективно тело и проучување на митовите од античките Грци и античките Римјани. Митологијата, заедно со филозофијата и политичката мисла, е еден од главните остатоци од класичната антика низ подоцнежната, вклучително и модерната, западна култура.[1] Грчкиот збор митос се однесува на изговорениот збор или говор, но исто така означува приказна, сказна или наратив.[2]

Thumb
„Le Rapt d'Europe“ („Киднапирањето на Европа“, 1750) од Жан-Батист Мари Пјер (Музеј на уметност во Далас).

Дури и за време на римското освојување на Грција во текот на последните два века пред нашата ера и со векови потоа, Римјаните, кои веќе имале свои богови, усвоиле многу митски наративи директно од Грците, а притоа ги зачувале своите римски (латински) имиња за боговите. Како резултат на ова, дејствијата на многу римски и грчки божества станале еквивалентни во приказните и литературата во модерната западна култура. На пример, римскиот бог на небото Јупитер или Јове се изедначил со неговиот грчки пандан Зевс; римската божица на плодноста Венера со грчката божица Афродита; и римскиот бог на морето Нептун со грчкиот бог Посејдон.

Латинскиот јазик останал доминантен јазик во Европа за време на средниот век и ренесансата, главно поради широкото влијание на Римското Царство. Во овој период, митолошките имиња речиси секогаш се појавувале во нивната латинска форма. Сепак, во 19 век, имало поместување кон употребата на грчките или римските имиња.[3] На пример, „Зевс“ и „Јупитер“ станале широко користени во текот на овој век како име на врховниот бог на класичниот пантеон.

Remove ads

Класичен мит

Приказните и ликовите што се наоѓаат во грчко-римската митологија не се сметаат за реални на ист начин како што се реални историските или научните факти. Тие не се фактички извештаи за настани што се случиле. Наместо тоа, грчко-римската митологија е збирка на антички приказни, легенди и верувања што ги создале луѓето од античка Грција и Рим за да објаснат аспекти на светот околу нив, да изразат културни вредности и да обезбедат рамка за разбирање на нивното постоење. Овие митови често вклучуваат богови, божици, херои, повоени појави и други натприродни суштества и биле составен дел од религиозните и културните практики од тоа време. Иако овие митови не се сметаат за историски точни, тие имаат културно и книжевно значење.[4]

Старогчките митови биле наративи поврзани со старогрчката религија, честопати занимавајќи се со постапките на боговите и другите натприродни суштества и на хероите кои ги надминувале човечките граници. Главни извори за грчките митови се хомерските епови, односно Илијада и Одисеја, и трагедиите на Есхил, Софокле и Еврипид. Познатите верзии биле претежно зачувани во софистицирани литературни дела обликувани од уметноста на поединците и од конвенциите на жанрот, или во вазното сликарство и други форми на визуелна уметност. Во овие форми, митолошките наративи честопати служеле за цели кои не биле првенствено религиозни, вклучувајќи забава, па дури и комедија (Жабите) или истражување на општествените прашања (Антигона).

Римските митови се традиционални приказни што се однесуваат на легендарното потекло на антички Рим, религиозните институции и моралните модели, со фокус на луѓето и само со повремена интервенција од божествата, но со сеприсутно чувство за божествено наредена судбина. Римските митови имаат динамична врска со римската историографија, како во раните книги на „Ab urbe condita“ од Ливиј.[5] Најпознатиот римски мит е митот за раѓањето на Ромул и Рем и основањето на градот, во кој братоубиството може да се сфати како израз на долгата историја на политичка поделба во Римската Република.

Дури и во хеленистичкиот период на грчко влијание и првенствено преку римското освојување на Грција,[6] Римјаните ги идентификувале своите богови со боговите на Грците, задржувајќи ги римските имиња, но прифаќајќи ги старогрчките приказни раскажани за нив и увезувајќи други митови за кои немале пандан. На пример, додека грчкиот бог Арес и италскиот бог Марс се воени божества, улогата на секој од нив во општеството и во религиозните практики честопати се разликувала впечатливо; но во книжевноста и римската уметност, Римјаните ги преинтерпретирале приказните за Арес под името Марс. Литературната збирка на грчко-римски митови со најголемо влијание врз подоцнежната западна култура била „Метаморфозите“ на августинскиот поет Овид.

Синкретизираните верзии ја формираат класичната традиција на митографијата, а до времето на влијателниот ренесансен митограф Наталис Комес (16 век), скоро воопшто немало разлики помеѓу старогрчките и римските митови. Митовите, како што се појавуваат во популарната култура од 20 и 21 век, честопати имаат само тангенцијална врска со приказните раскажани во античката грчка и латинска литература.

Луѓето што живееле во ерата на ренесансата, кои првенствено ги проучувале христијанските учења, пронашле начин да ги раскажат овие митови од новооткриените антички извори што авторите и режисерите ги користеле за претстави и приказни во кои ги прераскажувале овие митови.[7]

Професорот Џон Т. Хонти изјавил дека „многу митови од грчко-римската антика“ покажуваат „јадро“ кое се појавува во „некои подоцнежни вообичаени европски народни приказни“.[8]

Митологијата не била единственото позајмување што Римјаните го направиле од грчката култура. Рим презел и адаптирал многу категории на старогрчката култура: филозофија, реторика, историја, еп, трагедија и нивните уметнички форми. Во овие области, и во други области, Рим ги презел и развил старогрчките оригинали за свои потреби. Некои научници тврдат дека причината за ова „позајмување“ било во голема мера, меѓу многу други работи, хронологијата на двете култури. Професорката Елизабет Вандивер изјавила дека Стара Грција била првата култура на Медитеранот, а Рим бил втората.[9]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads