Клаудио Кјапучи

италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Клаудио Кјапучи
Remove ads

Клаудио Кјапучи (италијански: Claudio Chiappucci; р. 28 февруари 1963 ) — повлечен италијански професионален друмски велосипедист. Бил трипати на подиум на Тур де Франс  — втор во 1990 година, трет во 1991 година и повторно втор во 1992 година.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

По тивкиот почеток на неговата кариера, избувнал на сцена на Тур де Франс 1990. Кјапучи се нашол да ја носи жолтата маичка по нападот на првата етапа, кога фаворитите му дозволиле 10-минутна предност. На подоцнежните етапи ги издржувал нападите за враќање на Грег Лемонд, губејќи го водството на трката на дваесеттата етапа, завршниот хронометар. На крајот, Лемонд ја освоил трката со предност од 2' 16", а Кјапуши се нашол на второто место, како и статусот за велосипедска ѕвезда. Бил првиот италијански велосипедист кој завршил на подиум на Тур по Феличе Џимонди во 1972 година. Овој успех ја покажал главната слабост на Кјапучи, хронометарот. Иако, се заколнал дека ќе се врати следната година како подобар тркач против часовникот, Кјапучи никогаш не успеал да биде одличен во оваа дисциплина.

Годината 1991 потврдила во велосипедскиот свет дека Кјапучи е способен. Со победа на воведниот класик во сезоната, Милано-Санремо, Кјапучи возел на Џиро д’Италија и на Тур де Франс.

Меѓутоа, Кјапучи брзо паднал. По солидниот настап на Џиро, изгледало дека настапот на Тур де Франс 1993 ќе биде одличен двобој со Мигел Индураин. Но, од првата планинска етапа, Кјапучи очигледно имал потешкотии. Иако се вратил подоцна на трката, Кјапучи завршил на шестото место. Ја освоил трката Класика де Сан Себастијан, неколку недели по Тур де Франс, но ова го означило крајот за некои поголеми резултати. Неговото ниво остро опаднало од 1994/1995 и се повлекол во 1998 година откако бил пронајден виновен за користење допинг неколкупати во 1997 година.

Негова најпозната победа е на тринаесеттата етапа на Тур де Франс 1992, кога нападнал на првото искачување, 245 километри од целта, и пристигнал во Сестриере откако имал извонредна потера од Мигел Индураин и Џани Буњо. Тогаш, Кјапучи завршил прв на сите пет главни искачувања, од кои 3 биле прва категорија и 1 екстра категорија.[1] Сакал да го повтори истото достигнување како Фаусто Копи, точно 40 години претходно.[2]

Помеѓу наградите кои ги добил се сребрениот медал во 1994 година на Светското првенство на Сицилија.

Не надарен со извонредна градба, Кјапучи бил одличен со цврст и борбен стил, секогаш подготвен за напад.

Remove ads

Допинг

Клаудио Кјапучи ги користел услугите на докторот Франческо Конкони,[3] кој е обвинет за давање на ЕПО на велосипедист.[4][5] Конкони бил најден „морално виновен“, но не бил обвинет, поради тоа што истекло времето за тужба.[6] Судијата ги погледнал медицинските докази за 33 велосипедисти во периодот 1993-1995, вклучувајќи ги и на Кјапучи и сите тестови за крвта покажале зголемени вредности на хематокрит, што е доказ за употребата на ЕПО.

Во 1997 година, Клаудио Кјапучи му кажал на обвинителот Винченцо Сколастико дека користел ЕПО од 1993 година, но подоцна ја повлекол изјавата.[7]

Remove ads

Достигнувања

1990
1. Планински пласман Џиро д’Италија
1991
Тур де Франс
1. Планински пласман
1. Етапа 13
1. Награда за борбеност
1. Бодовен пласман Џиро д’Италија
1. Милано-Санремо
1. Трка околу Баскија
1992
Тур де Франс
1. Планински пласман
1. Етапа 13
1. Награда за борбеност
1. Планински пласман Џиро д’Италија
Џиро дел Трентино
1993
Џиро д’Италија
1. Планински пласман
1. Етапа 14
1. Етапа 17 Тур де Франс
1. Класика де Сан Себастијан
1994
Волта а Каталуња

Распоред на резултатите на Гранд Тур

Повеќе информации Гранд Тур ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads