Ковач (село)

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Ковач (село)map
Remove ads

Ковач — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Самоков.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри.[2]

Селото не е заведено во катастарската евиденција и го дели атарот со соседното село Самоков.[2]

До селото води асфалтиран пат од селото Самоков.

Историја

Во XIX век, Ковач било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

Селото нема развиена стопанска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ковач имало 240 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ковач имало 400 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ковач се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]

Ковач е мало село, коешто во 1961 година броело 201 жител, а во 1994 година 79 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ковач имало 54 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 26 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Ковач е македонско село.

Родови во Ковач се: Ушиновци се делат на Манчевци и Сердаровци (15 к.), доселени се од околината на Скадар во Албанија; Лукаровци (27 к.) потекнуваат од предок ковач доселен од раселениот град Закамен.[14]

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Ковач се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0260 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[18]

Личности

Личности родени во Ковач:

  • Данило Тодороски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Александар Стојкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Билбил Цветаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Методија Гековски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Милан Миленкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Ило Миленкоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Митре Карафилоски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Крале Начески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Неделко Камбероски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Стојче Арсеноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Софронија Тодороски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Данило Тодороски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Томе Стојаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Филип Силјаноски — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[21]
  • Владо Ванески (1912 - 1944) — загинат во НОБ.[22]
  • Милосав Сајкоски (1921 - 1944) — загинат во НОБ.[22]
  • Ратко Дукадиноски (1922 - 1944) — загинат во НОБ.[22]
  • Станислав Ангелески (1924 - 1944) — загинат во НОБ.[22]
Remove ads

Иселеништво

Голем дел од населението е иселено од ова село. До 1958 година, 21 семејство се има иселено во Србија, поточно во Јабука.[23]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads