Кокала
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кокала (грчки: Κοκκαλού) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Кокалу била дел од општина Мадитос[2].
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 60 километри источно од Солун и на 20 километри западно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, во близина на Бешичкото Езеро. Во близина на селото поминува автопатот кој води од Солун кон Кавала.
Историја
Во XIX век Враста било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 170 жители Турци[3].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било мешано со 52 семејства и 203 бегалци[4], додека во 1940 година селото броело 315 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 324 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 435 жители, во 1971 година имало 339 жители, во 1981 година имало 270 жители, додека во 1991 година имало 265 жители[5]. Денеска, населението на селото е 174 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads