Колдинг

From Wikipedia, the free encyclopedia

Колдингmap
Remove ads

Колдинг е значаен град во Данска, поточно во јужниот дел од државата. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Колдинг. Денес Колдинг има околу 57.000 жители во градот и скоро 90.000 во поширокото градско подрачје.

55°29′30″N 9°30′0″E
Кратки факти Земја, Регион ...
Remove ads

Природни услови

Колдинг се наоѓа во јужниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 230 километри западно.

Релјеф

Град Колдинг се наоѓа во средишниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е за типични дански услови, посебно за источните приморски подрачја на Јитланд — залив окружен од брда. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 0 до 55 метри.

Клима

Климата во Колдинг е претежно умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води

Колдинг се формирал на крајот на Колдинговиот Залив, кој претставува дел од Балтичкото Море.

Remove ads

Историја

Подрачјето Колдинг било населено уште во времето на праисторијата. Денешното население се појавило околу замокот Колдингхус, кој е изграден во 13. век. И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања, и останаа многу згради од 18-от век во градскиот центар.

Население

Денес Колдинг има околу 60.000 жители во градските граници и околу 95.000 со околните наслени места.

Населението на Колдинг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads