Колиби (Кукушко)

гевгелиско село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Колиби (Кукушко)map
Remove ads

Колиби (грчки: Ειρηνικό, Иринико; до 1954 г. Καλύβια Γιαννελλαίων, Каливија Јанелон[2]) — гевгелиско село во Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 42 жители (2021).

Кратки факти Колиби Ειρηνικό, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во областа Бојмија, северно од градот Ругуновец, близу границата со Р Македонија.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век оваа колибарска населба ѝ припаѓала на Гевгелиската каза и е именувана различно од разни попишувачи — Колиби, Колибалар, Алчакчи, Долни Колиби итн.[3]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Колибите има население од 100 жители Македонци.[4][5] На почетокот на XX век целото население на Колибите потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Колибите Алчакчи (Kolibité Altchaktzi) живееле 90 Роми.[6] Боривое Милоевиќ во овој период исто така го бележи како ромска населба со 15 куќи.[3]

Во Грција

Населбата се распаднала во Балканските војни, па при нејзиното припојување кон Грција 1913 г. според Букурешкиот договор во неа се доселени 75 Грци од Суфли во Тракија. Во текот на следнот период доселениците го напуштиле селото поради непогодните услови за живот.[3]

По 1933 г. на извесно растојание од старата населба е подигната нова колибарска населба од каракачански семејства од родот Ѓанели (или Јанели), и станала позната како Колиби на Ѓанелите (Каливија Јанелон). Овие подоцна ја изградиле како вистинско село од тврд материјал.[3] Во 1940 г. во селото се заведени 122 жители. По 1941 г. овде се доселиле и извесни семејства од селото Даутли кое потоа е напуштено поради положбата на државната граница. Така, во 1951 г. 153 жители, кои во 1961 г. пораснале на 189.[3] Во 1971 г. селото достигнало 201 жител, но потоа бројноста на населението почнала да опаѓа. Во 1981 г. населбата имала 177 жители, кои во 1991 г. станале 155.[3] Падот продолжил и во текот наследните десетлетија, за во 2001 г. да бидат попишани 177, а во 2011 г. само 63 жители.

Во 1954 г. селото е преименувано во Иринико, што значи „мирно“.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads