Колиндеров каталог

астрономски каталог From Wikipedia, the free encyclopedia

Колиндеров каталог
Remove ads

Колиндеров каталог (англиски: Collinder catalogue) — астрономски каталог од 471 расеано ѕвездено јато изготвен од шведскиот астроном Пер Колиндер. Објавен е во 1931 г. како прилог кон неговиот труд „За структурните својства на расеаните галактички јата и нивната просторна распределба“ (On structural properties of open galactic clusters and their spatial distribution).[1] Телата од каталогот се означени со „Колиндер“ (Collinder), како на пр. „Колиндер 399“. Застарените претставки се од обликот Col + каталошки број или Cr + каталошки број, како н апр. „Cr 399“.[2]

Кратки факти Вид попис, Цел ...
Remove ads

Накратко

Колиндерови тела кои воедно се Месјеови

Колиндеровиот каталог опфаќа 29 тела кои се дел од Месјеовиот каталог:

Remove ads

Колиндерови тела кои воедно се Колдвелови

Мелотовиот каталог е изработен 64 години пред познатиот Колдвелов каталог. Колиндеровиот содржи 28 тела кои се опфатени во него:

Колиндерови тела

Повеќе информации Колиндеров број, NGC/IC- број ...

Белешки

  1. Го опфаќа само јужниот дел на Трумплер 16.
  2. Преклопено врз Трумплер 24.
  3. Сместено во Месје 24.
  4. Поврзано со Месје 17.
  5. Поврзано со NGC 6820.
  6. Сместено во маглината Перуника.
  7. Поврзано со IC 5146.
Remove ads

Грешки

Thumb
Колиндер 346 бил погрешно сметан за расеано јато, но впрочем е збиено.

Постојат извесни грешки во Колинеровиот список, или на места што се повикуваат на него. На пример:[6][7]

  • Cr 21, 27, 57, 396, 399 и 426 се астеризми.
  • Cr 32, 33 и 34 всушност се делови на многу поголемото јато IC 1848.
  • Постои сомнеж дали Cr 84, 182, 221, 254, 265, 269, 283, 294, 336, 387, 404, 425, 456 и 458 навистина се расеани јата.
  • Положбите на Cr 109 и 185 се неточни.
  • Cr 202 впрочем е средишниот згуснат дел на многу поголемото јато Cr 199.
  • За Cr 220 Колиндер сметал дека е NGC 3247, но ова е сосем ново јато.
  • Cr 234 се применува за јужниот дел на многу поголемото јато Cr 233.
  • Cr 240 впрочем е средишниот згуснат дел на многу поголемото јато Cr 239.
  • Cr 267, 328, 330, 346, 364, 366, 368, 381, 395, 409 и 414 се збиени јата.
  • Cr 334 и 335 се дупликати на едно исто тело.
  • Изворниот истозначник на даден на Cr 339 е галаксијата NGC 6393. Исправниот е NGC 6396.
  • Изворниот истозначник на даден на Cr 371 е маглината која опкружува расеано јато кое Колиндер го открил. Не бил свесен дека е првиот кој ја прави таа разлика.
  • Cr 374 е дел од многу поголемото јато Месје 24.
  • Колиндер погрешно сметал дека Месје 11 е збиено јато.
  • Колиндеровиот опис на Месје 73 впрочем се однесува на Месје 72, кој е збиено јато, а не телото пердвидено да биде Cr. 426.
Remove ads

Поврзано

  • Мелотов каталог — сличен каталог на ѕвездени јата објавен од Филибер Жак Мелот во 1915 г.
  • Трумплеров каталог — сличен каталог на расеани јата објавен од Роберт Јулиус Трумплер во 1930 г.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads