Комутатор (електротехника)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Комутатор – електричен прекинувач кој периодично ја сменува насоката на струјата во електромоторот или електричниот генератор. Комутаторот им овозможува на моторите да работат на, односно на генераторите да произведуваат, еднонасочна струја наместо наизменична струја.

Remove ads
Конструкција
Комутаторот обично се состои од пар меѓусебно изолирани бакарни контакти со полуцилиндричен облик, прицврстени околу изводот на вртечкиот дел и пар јаглени четкички поставени на пружина која е прицврстена на стационарниот дел на машината, кои комплетираат електрично коло од намотката на роторот до вон машината. Триењето меѓу бакарните контакти и четкичките предизвикува абење на двете површини. Јаглените четкички, бидејќи се направени од помек материјал, се абат побрзо и се проектирани да можат лесно да се заменат без раставување на машината. Бакарните контакти по правило се непристапни и, на малите мотори, не се проектирани да може да се поправат. На поголемите мотори, комутаторите може да се израмнат со гланцање. Секој сегмент на комутаторот е изолиран од соседниот сегмент; поголемите мотори може да содржат стотини сегменти.
Remove ads
Патенти
- Никола Тесла - -{U.S. Patent 334823}-[мртва врска] - Комутатор за динамо-електрични машини - 26 јануари 1886.
- Никола Тесла - U.S. Patent 382845[мртва врска] - Комутатор за динамо-електрични машини - 15 мај 1888.
Поврзано
Надворешни врски
- "Commutator and Brushes on DC Motor". HyperPhysics, Physics and Astronomy, Georgia State University.
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads