11 ноември
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Ноември 2025 11 ноември — 315-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (316-и во престапна година). Остануваат 50 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1675 | Готфрид Лајбниц за првпат применил интегрално сметање за да ја пресмета површината под кривата y = x. Но бидејќи не ги објавил своите идеи сѐ до 1684, некои сметаат дека ги присвоил од Њутн. |
| 1855 | Токио го зафатил катастрофален земјотрес во кој загинале 106.000 луѓе. |
| 1887 | Погубени се анархистите наречени „Хејмаркетски маченици“: Огаст Спајс, Алберт Парсонс, Адолф Фишер и Џорџ Енгел. |
| 1889 | Вашингтон е примен како 42. сојузна држава на САД. |
| 1918 | Јозеф Пилсудски влегува во Варшава и Полска повторно станува независна држава. |
| 1943 | Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска ударна бригада. Таа била формирана од баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“ и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето, бригадата имала 700 борци и го добила називот ударна. |
| 1944 | Втора светска војна: Ослободено е Куманово. |
| 1944 | Во центарот на Гостивар албанските балисти стрелале шестмина македонски приврзаници на народно-ослободителното движење: Киро Ристовски - Дрнц, Васил Пејчиновски, Баренко Георгиевски, Изре Зафировски, Сократ Павловски и Павле Петрески. |
| 1963 | Во Скопје излегол првиот број на дневниот весник „Вечер“. |
| 1965 | Белото малцинство ја прогласило Родезија за независна држава. |
| 1973 | На 101-от километар на патот Каиро - Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално завршиле воените операции во „Октомвриската војна“ на Блискиот Исток. |
| 1990 | Во Социјалистичка Република Македонија се одржале првите слободни повеќепартиски избори. |
| 1995 | Во Брисел, шеснаесетте земји членки на НАТО му дадоа „зелено светло“ на предлогот на Политичкиот комитет Република Македонија да биде 27. потписничка на програмата „Партнерство за мир“. |
| 2006 | Во Малме, Шведска, е устоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија. |
Родени:
| 1821 | Фјодор Михајлович Достоевски — руски писател. |
| 1855 | Стеван Сремац — српски писател. |
| 1869 | Виторио Емануеле III — последниот италијански крал. |
| 1898 | Рене Клер — француски филмски режисер. |
| 1915 | Ана Шварц — американска економистка. |
| 1919 | Ѓоце Стојчевски - Амбарче — народен херој на Македонија. |
| 1922 | Курт Вонегат — американски писател. |
| 1928 | Неџати Зекерија — македонски писател. |
| 1935 | Биби Андерсон — шведска глумица. |
| 1939 | Милка Зафирова — македонски градежен инженер. |
| 1945 | Даниел Ортега — претседател на Никарагва. |
| 1941 | Коле Манев — македонски сликар. |
| 1962 | Деми Мур — американска глумица. |
| 1974 | Леонардо ди Каприо — американски глумец. |
| 1980 | Раде Врчаковски-Врчак — македонски пејач. |
| 1981 | Јадранка Барјактаровиќ — црногорска пејачка. |
| 1982 | Асафа Пауел — јамајски атлетичар. |
| 1983 | Филип Лам — германски фудбалер. |
| 1986 | Милена Вучиќ — црногорска пејачка. |
| 1990 | Том Димулен — холандски велосипедист. |
| 1990 | Џорџињо Вајналдум — холандски фудбалер. |
Починале:
| 405 | Арзакиј Цариградски — цариградски партијарх. |
| 1331 | Стефан Дечански — крал на Србија. |
| 1855 | Серен Кјеркегор — дански филозоф. |
| 1884 | Алфред Брем — германски природонаучник и зоолог. |
| 1972 | Бери Оукли — американски блуз-музичар. |
| 1990 | Јанис Рицос — грчки поет. |
| 2004 | Јасер Арафат — палестински политичар. |
| 2005 | Питер Дракер — американски експерт по менаџмент. |
| 2015 | Фил Тејлор — англиски рок-музичар, гитарист на групата „Моторхед“. |
Празници:
| * | Ден на независноста на Полска |
| * | Ден на независноста на Ангола |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads