Константин Држилович

From Wikipedia, the free encyclopedia

Константин Држилович
Remove ads

Константин Динков Држилов(ич) – Динката (?, Држилово, Негушко - 1890, Солун) — македонски револуционер, преродбеник, општественик, печатар и книжевник. Учествувал во Негушкото востание, а потоа војувал против Османлиите во Грција. По преселувањето во Солун се занимавал со трговија и печатарство, а активно се вклучува во антипатријаршиската борба за своја црква, јазик и училишта и во конституирањето на Солунската црковно-училишна општина.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Константин Држилов е роден во село Држилово, во богато семејство. Учел во грчкото училиште во Мелник.[1] Во 1822 година, потикнато од грчкото востание, заедно со помалиот брат Киријак Држилович зел учество во Негушкото востание. По задушувањето на востанието, при кое било опожарено родното место, заедно со братот и дел од македонските востаници се повлекол на југ, каде се придружиле на грчките востаници. Војувале против Османлиите сè до 1829 година, а по освојувањето на независноста на Грција, Константин и Кирјак живееле во Атина до средината на XIX век.

Околу 1850 година, двајцата браќа се преселиле во Солун, а Константин се занимавал со трговија. Тој му помагал на брат му Кирјак да отвори печатница,[2] каква што немало од затворањето на печатницата на Теодосиј Синаитски.[3]

По многу пречки од страна на грчките црковни власти Киријак и Константин Држилови добиваат дозвола да отворат грчка печатница, во која ќе се печатат грчки, но и книги на македонски јазик со грчки букви.[2][4] Во 1851 година, печатницата на браќата Држилови со грчки букви и со македонски јазик ги печати во Солун „Канонаме за селата битолски“, а во 1852 година „Неделно евангелие“ (Кониковско евангелие) од Павел Божигропски (Солон, Стампа Кирјакова Дарзилен, 1852).[4][5] Евангелието подготвено од Божигропски од село Кониково, пишувано на воденско наречје[3] денес е особено важно за изучување на македонскиот јазик.[5]

Со печатницата на Држилови работи и книжарница преку која тие распространуваат грчки, руски, бугарски и српски книги и весници. Иако, во печатница биле публикувани грчки учебници, тоа не е доволно за грчките црковни власти.[5] Тој бил ангажиран во растурање на цариградскиот весник „Македонија“.[2]

Константин Држилович активно се вклучил во антипатријаршиската борба и бил еден од најистакнатите борци за црковна независност, формирање на училишта и употребата на мајчиниот јазик. Активно учествувал во борбата за конститурање на Солунската црковно - училишна општина. Согледувајќи дека во борбата за управување со црковно-училишните општини сè повеќе го губел влијанието кај славјанското население, грчките првенци и свештество прават големи напори за да се затвори печатницата на Држилови во Солун.

Константин и неговиот брат Киријак одржувале врски со македонските преродбеници и руските конзули. Константин соработувал со Стефан Верковиќ и Георги Раковски. Пишувал за весникот на Георги Раковски „Дунавски лебед“, кој се печател во Белград од 1 септември 1860 до 24 декември 1861 година.

Во 1865 година Константин Држилов станал претседател на Солунската црковно-училишна општина.[2]

Константи Држилов Динката е татко на Георги Динков и Славка Динкова, кои го продолжуваат делото на својот татко и стрико.[2]

Констатин Држилов починал во Солун во 1890 година.[6][7][8]

Remove ads

Родословие

Динка
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Киријак Држилович
(?  1877)
Константин Држилович
(?  1890)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Ѓорѓи Динков
(1839  1876)
Славка Динкова
(1848  1869)
 
 
Димитриос Динкас
(1876  1874)
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads