Кониково

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Кониковоmap
Remove ads

Кониково (грчки: Δυτικό, Дитико; до 1950 г. Στίβα или Στοίβα, Стива;[2] до 1926 г. Κονίκοβο, Кониково[3]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 454 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[4]

Кратки факти Кониково Δυτικό, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во северозападниот крај на Солунското (или Пазарското Поле), на 20 км североисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Кониково е заведено како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Кониноно како македонско село.[5][6]

Селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. се уапсени главешините на неколку пазарски села и од нив е побарано рачателство дека се доверливи, кое би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги придобие селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково, и да ги стави под грчката црква — Цариградска патријаршија.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кониково имало 170 жители Македонци.[8][9]

Подоцна селото повторно прешло под вровенството на егзархијата и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кониково имало 200 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[8][10]

Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Кониково, 16 /III, 1¾ ч. од Ливадица. Вкупно 13 бугарски егзархиски куќи, чифлик. Се занимаваат со земјоделство, бубарство и лозарство. Во секоја куќа живеат по две-три брачни двојки. Од Патријаршијата се откажало пред 20 години. Црквата, отворена, не поседува ништо. Училиштето е двокатно (вакуф), со две простории таваносани и добро осветлени. Училницата има големина од 6×5×3 метри.[8][11]

По податоци на егзархијата во 1910 г. Кониково било чифлигарско село со 27 семејства од вкупно 129 жители Македонци и една црква.[8][12]

Истата 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Κονίκοβον) имало 120 егзархисти.[13][14]

Во Грција

Во 1912 г. Кониково е заведено како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 130 жители, од кои 68 мажи и 62 жени. Во 1920 г. населението броело на 126 жители.[4] Во 1924 г. грчките власти присилно ги иселиле 121 жител во Бугарија.[4] Одземени се 16 имоти на преселени жители.[14]

Во 1926 г. селото е преименувано во Стива,[15] а во 1950 г. во Дитико. Во селото се доселени грчки колонисти, а 15 македонски семејства се иселени во Горен Воден (денес во Асеновград) и Пловдив.[16] Според пописот од 1928 г. Кониково било етнички мешано село со 402 дојенци (120 семејства).[17]

Во 1940 г. Кониково имало 589 жители и продолжило да расте сè до извесен пад во 1960-тите, по што бројот на населението останал устојчив.[4]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото е полупланинско и релативно пасивно. Се одгледуваат жито, памук и тутун, а се прават и сточарски преработки.[4]

Личности

Thumb
Насловна страница на Кониковското евангелие на Павел Божигропски од 1852 г. — познат преродбенички текст на народен јазик со грчко писмо.
Родени во Кониково
Починати во Кониково
  • Иван Љатев (? – 1905) — револуционер, деец на ВМОРО, убиен кај селото во април 1905 г.[18]
Remove ads

Поврзано

  • Кониковско евангелие — евангелие на воденски говор со грчка азбука, испечатено во 1852 г.
  • Бојмија
  • Бозец

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads