Копаница

село во Општина Сарај From Wikipedia, the free encyclopedia

Копаницаmap
Remove ads

Копаница — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Спред пописот од 2002 година, селото имало население од 1.714 жители.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во западните делови на Скопската Котлина, на излезот од Дервенската Клисура. Селото се наоѓа во подножјето на Жеден.

Историја

Местото е населено барем од римско време, за што сведочат наодите во наоѓалиштето Дренки во селото.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 43 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 174 мажи муслимани, со 22 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 392 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 220 жители.[3]

Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[4] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[5]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 750 Албанци.[6]

На пописот од 2002 година, селото имало 1.714 жители, од кои 1 Македонец, 1.710 Албанци и 3 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.790 жители, од кои 1.761 Албанец и 29 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Копаница е албанско село.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Ќуште (33 к.) староседелци. Исламот го примиле во почетокот од XIX век, кога и се албанизирале. Најстарите муслимански предци им биле. Зекир, Али и Браим. Имаат православни роднини кои од Копаница се иселиле во селото Кучково (Ќунтовци).
  • Маноџе (36 к.) доселени се во XVIII век од некое место во северна Албанија.
  • Маршеје (34 к.) доселени се од северна Албанија. Имаат роднини во селото Мерово. Учествувале во Битката на Треска 1944, во страна на Балистите.
  • Реџе (10 к.) доселени се од северна Албанија на почетокот од XIX век.
  • Љаја (16 к.) потекло и време на доселување како и претходниот род.[13]

Иселеништво

Од старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае само за родот Ќунтовци или Бировци. Они се иселиле во селото Кучково. Во Копаница биле двајца браќа, едниот го прифатил исламот, а другиот се иселил во селото Кучково. Од Кучково се иселиле во населбата Ѓорче Петров, Скопје, Куманово и Кралево.[13]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads