Мерово
село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мерово — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 901 жител.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора.
Историја
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 165 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 70 куќи со 376 жители Албанци.[3]
Население
По Балканските војни е забележано со 315 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 901 жител, од кои 1 Македонец, 882 Албанци и 18 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 544 жители, од кои 515 Албанци и 29 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Мерово е албанско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
- Доселеници: Џафе (9 к.) по потекло од северна Албанија. Овде живеат од првата половина на XIX век; Лике (7 к.) и они се доселени од северна Албанија; Маршин (10 к.) и Бочан (6 к.) потекнуваат од ист предок. Доселени се од северна Албанија после првите два рода. Имаат роднини во селото Копаница (Маршеје); Калие (10 к.) потекнуваат од фисот Бериша во Љума во северна Албанија. Овде се доселени од средината на XIX век. Имаат роднини во Чајлане (Ибишалар, Маналар и Исафлар); Доче (14 к.) познати и како Ќосе. Доселени се од северна Албанија. Овде се населиле преку Полог; Караџе (10 к.) доселени се од местото Биче во Љума, северна Албанија. Од старото место некои од нивниот род се населиле во Бојане (Карач или Лески) и во Буковиќ.[12]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2102 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 893 гласачи.[14]
Личности
- Риза Идризи (р. 11 август 1928) - учесник во НОАВМ во 1944 и член на КПМ од 1946 година
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads