Копач (село)
село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Копач или Копач Маала (грчки: Βέργη, до 1927 г. Κοπάτσι, Копаци[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Било населено со македонско мнозинство и турско малцинство. Некои извори погрешно ги водат Македонците како Грци.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на западниот крај на Серското Поле, во подножјето на Богданска Планина. Лежи на левиот брег на реката Копач Дере.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX и почетокот на XX век Копач било село во Серската каза.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Копач (Kopatch) имал 66 домаќинства со 160 Грци и 30 муслимани.[3]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Копач, погрешно сметајќи ги жителите за Грци:
„ | Копач: мешано село; 1 црква, 1 џамја, христијаните се Грци, а муслиманите — Турци Коњари, на два часа од Нигрита.[4] | “ |
Во 1891 г. Георги Стрезов дава правилна слика за населението:
„ | Копач, село на 4 часа на ЈЗ од градот во подножјето на планината. Плодна почва за сè и од вкусни овошја излегуваат многи добри лубеници и дињи. Блиската суводолица која се спушта од планината прави доста пакости по нивите. Грчка црква; 70 куќи Македонци.[5][6] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 620 жители, сите Македонци христијани.[7][8]
По погрешни податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Копач (Kopatch) живееле 400 „Грци“ и во селото работело грчко училиште со еден учител и 19 ученици.[9]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 394 жители, а во 1920 г. се накачило на 481 жител.[10] Во 1924 г. години во селото се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Копач е претставе како мешано село со 667 жители, од кои 47 лица (12 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[11]
Во 1927 г. Копач е преименуван во Верги по грчкиот изговор на античкиот град Берге согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија.
Во 1979-1982 г. е изградена црквата „Св. Илија“.[12]
Remove ads
Опшествени установи
Личности
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads