Коприва
род растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коприва (лат. urtica) е род на цветни растенија од семејството Urticaceae. Многу видови имаат бодливи влакна и може да се нарекуваат коприви или бодливи коприви, иако последното име се однесува особено на Urtica dioica.
Видовите Urtica се храна за гасеници на бројни пеперуги и молци.[2]
Remove ads
Опис
Овие видови растат како едногодишни или повеќегодишни тревни растенија, ретко како грмушки. Тие можат да достигнат, во зависност од видот, локацијата и состојбата на хранливата почва, висина од 10 - 300 сантиметри. Повеќегодишните видови имаат подземни ризоми. Зелените делови се влакнести. Нивните стебла се често четириаголни.
Во 1874 година, за време на престојот во јужна Франција, францускиот ботаничар Чарлс Наудин открил дека силните ветрови во текот на 24 часа ги правеле боцкавите влакна на копривата безопасни за цела една недела.[3]
Remove ads
Видови
Голем број на видови вклучени во родот во постарата литература сега се препознаваат како синоними на Urtica dioica. Некои од овие таксони сè уште се признати како подвидови.[4]
Екологија
Поради боцкавите влакна, видовите Уртика ретко ги јадат тревопасните животни, туку повеќе служат како засолниште за инсекти, како што селисна вошка, ларви од пеперуги и молци.[5]
Употреба
Ткаенина направена од коприва била пронајдена на местата за погребување кои датираат од бронзеното време. Се користела за облека, мрежи за риболов и хартија од неразвиените заедници.[6] Во Нов Зеланд, U. ferox е класифициран меѓу отровните растенија, најчесто при контакт со кожа.[7]
Копривата традиционално се користи како состојка во супи, омлети, баница, пире и други јадења. Во Мазендаран, северен Иран, се прави супа (аш) со употреба на ова растение.[8] Копривата се користи и за чај, сок и вид на пиво (ел), како и да се зачува сирењето.[6]
Remove ads
Копривата како тема во уметноста
- „Коприва“ - песна на полскиот поет Јежи Харасимович.[9]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads