Парламентарна република
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Remove ads
Парламентарна република — вид република која се управува под парламентарен систем, каде извршната власт (владата) е подредена и отчетна на законодавната (парламентот). Постојат повеќе видови парламентарни републики. Кај највеќето вакви републики постои јасна поделба на надлежностите помеѓу шефот на владата и шефот на државата, при што шефот на владата ја има вистинската власт, како кај уставните монархии. Кај некои, улогите на шеф на владата и шеф државата се споени во едно (како во претседателскиот систем), но сепак функционерот е зависен од парламентот.

Парламентарни републики каде парламетот е над шефот на државата.
Парламентарни републики со извршен претседател избран од парламентот и отчетен пред него.
Во ваквите држави, шефот на државата најчесто се нарекува „претседател“, а шефот на владата е „премиер“ или „канцелар“. Шефот на владата мора да ја има довербата на парламентот, а неговиот мандат може да подлежи на измени. Шефот на државата не подлежи на вакви ограничувања, но затоа има значајно помала извршна моќ.
Remove ads
Овластувања
За разлика од републиките со претседателски или полупретседателски систем, шефот на државата (претседателот) нема голема извршна надлежност, туку тие му припаѓаат на шефот на владата (премиер и сл.).
Во земјите кајшто шефот на државата го бираат членовите на парламентот, истиот ја има и функцијата на шеф на владата (како во Боцвана, Маршалските Острови, Науру, ЈАР и Суринам) и е водач на најголемата владејачка партија.
Во извесни случаи, претседателот може да има теоретски овластувања во секојдневното управување со земјата (на пр. во Финска), но според воспоставената практика не ги користи, или пак со нив го спроведува она што е одлучено во парламентот. Ова би можело да се нарече полупретседателски систем на основа на парламентарен.
Remove ads
Список на денешни парламентарни републики
Remove ads
Список на поранешни парламентарни републики
Remove ads
Поврзано
Белешки
- Била парламентарна република и помеѓу 1971 и 1975 г.
- In the case of поранешните западногерманск покраини, вклучувајќи го Западен Берлин, претходната еднопартиска држава била Третиот Рајх, но во случај на новите сојузни покраини и поранешен Источен Берлин, еднопартиската држава е Источна Германија. Германија се обединила на 3 октомври 1990 г., кога петте покраини на ГДР (Источна Германија) се приклучиле кон СР Германија (Западна Германија), а Берлин е обединет како еден град-покраина. Затоа, годината се однесува на денешна СР Германија во целина, иако подрачјето на Источна Германија не ѝ припаѓало на таа парламентарна република сè до 1990 г.
- Шеф на државата од 1936 до 1949 г.
- Порано полупретседателска република, а денес парламентарна, со уставот од 2000 г.
- Создадена функцијата Претседател на Руската Федерација и почнува раздвојувањето на надлежностите и предавање на овластувањата на Врховниот совет на Русија. Дотогаш Русија била советска република.
- На ова му претходи уставната криза и вооруженото распуштање на Врховниот совет на Русија.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads