Котугери

село во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Котугериmap
Remove ads

Котугери или Кутугери (грчки: Καισαριανά, Кесаријана, до 1926 г. Κουτούγερη, Кутугери или Κατούγερη, Катугери[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 81 жител (2011). Сè до 1924 г. населението било исклучиво македонско.[3]

Кратки факти Котугери Καισαριανά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Ова е полупланинско село, сместено на 8 км од градот Воден, на надморска височина од 140 м.[3]

Историја

Средновековие

Се претпоставува дека селото го добило називот кој византиските власти го користеле за богомилските калуѓери кои живееле тука.[3]

Османлиско време

На крајот од XIX век Котугери е забележано како чисто македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника1873 г. Котуери (Cotouyéry) е посочено како село во Воденската каза со 12 куќи со 56 жители Македонци[4].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живет 60 жители Македонци[4].[6]

Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Катугери (Katougueri) имало 48 Македонци[4] под патријаршијата.[7]

Потпаѓање под Грција

Со Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 44 жители[3]. Во 1924 г. македонското население се иселило и на негово место се донесени грчки бегалци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Кесаријана. Во 1928 г. Котугери било аселено исклучиво со Грци доселеници — 38 семејства со вкупно 134 жители.[8]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Воден, каде покрај Котугери и градот Воден, спаѓаат и селата Пачарешко и Црковјани.

Стопанство

Селото е стопански пасивно, а главни гранки се полоделството (жито) и овоштарството (праски и јаболка).[3]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads