Коџа Дере (притока на Вардар)
река во Кукушко, Егејска Македонија, притока на Вардар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коџа Дере (грчки: Μέγα Ρέμα, Мега Рема или Κοτζά Ντερέ; Megleno-Romanian: Trap di Genes, турски: Kocadere) — река во Кукушко, Егејска Македонија. Извира од планината Пајак и се тече по убави мешани листопадни шуми пред да се влее во најголемата македонска река — Вардар.[1][1]
Remove ads
Местоположба

Реката извира од северните северните падини на Пајак, на границата меѓу Кукушко и Меглен, па оди на исток низ Кукушко, минувајќи јужно од с. Купа, каде прави убави водопади. Потоа свртува на југоисток и стасува до вештачкото Рудничко Езеро (Лимни Металиу). Одовде минува на север од с. Извор и постепено се завива на североисток, па по низа меандри се влева во Вардар кај Циганската Клисура, северозападно од с. Ореовица. Има вкупна должина од околу 30 км.[1]
Коџа Дере е брза и постојано полноводна река која се движи меѓу стрмни падини, така правејќи меандри. По течението, по падините на Пајак, се среќаваат растурени рушевини од мостовите на старата железница „Коџадерска дековилка“ по која возовите ги опслужувале сребрените рудници близу Љумница.[1]
Remove ads
Слив
→ лева притока, ← десна притока
- → Извор (Вали ди Извори)
- ← Казанџи Дере
- ← Вале Рати
- ← Река (Вале Дулуни, Вели ди Река, Вати Рема)
- ← Бамби Дол
- → Курт (Бостанлак)
- → Карамица
- ← Студена Вада
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads