Рудничко Езеро (вештачко)
вештачко езеро во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рудничко Езеро (грчки: Λίμνη Μεταλλείου, Лимни Металиу) — вештачко езеро во областа, Бојмија, Кукушко, Егејска Македонија. Создадено е со изградбата на брана преку реката Коџа Дере (Мега Рема), притока на Вардар.
Оваа статија се однесува на вештачко езеро во Кукушко. За истоименото природно езеро во Леринско, погл. Рудничко Езеро.
Езерото има должина од 2 км и најголема длабочина од 35 метри.[1] Сместено е 15 км северозападно од гратчето Бојмица[2] и 10 км од селото Извор.
На ова место, за време на Втората светска војна постоеле француски рудници кои подоцна се потопени од водата. Некои од окната останале на суво и можат да се видат и денес од крајезерскиот пат.[3]
До езерото се стасува по шумски пат од листопадни дрвја, по падините на планината Пајак. Во Рудничкото Езеро се одвиваат разни рекреативни дејности како велсање со кануа и кајаци, како и риболовот бидејќи истото изобилува со пастрмка.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads