Коџа Омерли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коџа Омерли, Коџамерлија или Коџамерли (грчки: Χερσοτόπι, Херсотопи; до 1927 г. Κοτζά Ομερλή, Коѕа Омерли[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 29 жители (2021). Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Солунското Поле, јужно од Ругуновец.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Коџа Омерли било македонско село во Кукушката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Коџамарлија (Codjamarlia) било село со 15 домаќинства сочинети од 73 жители Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Коџа Омерли било село со 260 жители Македонци христијани.[4][6]
Населението на селото е било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Коџашарли (Kodjacharli) било село во Кукушката каза со 360 Македонци егзархисти и во него работело бугарско училиште.[7] Селото било чифлиг на Селим-бег[3]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Коџамерли имало 40 куќи на Македонци христијани.[8]
Во Грција
Во Втората балканска војна (1913) селото е напуштено од неговите жители, бегајќи од грчката војска која настапувала во тој правец. Повеќето жители пребегале во Струмичко — 12 семејства во Секирник, 2 семества во Сушица, а пет семејства нашле спас во Бугарија[3]. При припојувањето на Коџа Омерли кон грчката држава, тоа било во урнатини, и затоа истата 1913 г. е се води како напуштено. Малку подоцна атарот го откупиле велепоседничките семејства Голимани, Таки Конаки и Камбури, со вкупно 1.400 хектари земја. Во 1920 г. се попишани членовите на овие семејства и работниците што живеел на имотот — вкупно 137 жители. Во 1928 г. бројката се намалила на 56 лица.[3]
Во 1927 г. селото е преименувано во Херсотопи.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Георги Динев (1888 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIV Воденска дружина[9]
- Гоце Стојков (1867/1872 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, Нестројна чета на XIII Кукушка дружина[9]
- Крсте Георгиев (1892 – ?) — борец во МОО, Нестројна чета на III Солунска дружина[9]
- Мице Гогов (1874/1875 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIII Кукушка дружина[9]
- Мице Донев (1888 – ?) — борец во МОО, Прехранбен транспорт на МОО, Нестројна рота на III Солунска дружина[9]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads