Кресна

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кресна
Remove ads

Кресна (до 1978 г. Станица Пирин, бугарски: Гара Пирин) — град во Благоевградската Област, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија. Претставува административен центар на Општина Кресна.

Повеќе информации Област, Општина ...

Кресна,
Бугарија Бугарија

Thumb

Remove ads

Географија

Градот е сместен во подножјето на Пирин планина од нејзината западна страна, во долината на реката Струма,

Градот Кресна е сместен од двете страни на меѓународниот пат Е-79. Пред градот, на живописниот завој на реката Струма, се наоѓа споменикот на загинатите во Македонското востание од 1878 година. Се наоѓа на надморска височина од 232 метри.

На Пирин се наоѓа одморалиштето Синаница (Син Врв), низ кое минува и популарната пешачка патека до езеро, едно од најубавите на Пирин Планина.

Remove ads

Историја

Во регионот се пронајдени остатоци од античкиот град Нејне (во близина на селото Долна Градешница) и од средновековниот манастир „Свети Кузман и Дамјан“ (кај селото Влахи).

Thumb
Црквата „Свети Јован Рилски“

Населбата се среќава по 1926 година како Станица Пирин. Таа е призната како станица без административен акт во 1934 година. А во 1956 година, населението на Ново Село е преброено заедно со населението на Станица Пирин. Во 1959 година кон Станица Пирин е споено и селото Крива Ливада.

На 29 септември 1978 година, населбата е прогласена за град и преименувана во Кресна, а дотогашното село Кресна - во Стара Кресна.

Remove ads

Демографија

Според пописот од 2011 година, во Кресна живееле 3.470 жители.[1]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:

националност број %
Бугари 3.313 95,4
Роми 15 0,43
Турци / 0
други / 0
не се самоопределиле 13 0,37
не одговориле 115 3,31
Вкупно 3.470 100

Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[2]

На табелата е прикажан бројот на населението во Кресна за периодот 1934-2011:[3]

Повеќе информации година, население ...

Според проценките на Националниот статистички институт, во 2015 година Кресна имала 3.628 жители.

Личности

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads