Стара Кресна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стара Кресна — село во Општина Кресна, во регионот Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во планинскиот регион на општината, во западните падини на Пирин Планина. Оддалечено е 14 километри северно од гратчето Кресна и 39 километри јужно од Горна Џумаја.
Име
Името на селото е само Кресна до 29 септември 1978 година, кога селото Гара Пирин е прогласено за град со новото име Кресна, а на истоименото населено место му се додава името „Стара“ - денес познато како Стара Кресна.
Историја
Во XIX век селото е дел од Мелничката каза на Серскиот санџак во Отоманското Царство.

Во македонската историја селото е значајно бидејќи претставувало центар на Македонското востание, кое било кренато на 5 октомври 1878 година. Честопати во историските извори поради името на селото и востанието се среќава и како Кресненско востание.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 700 жители, сите Македонци.[1][2]
Во 1901 година во Кресна по иницијатива на Јане Сандански е основан комитет на ВМОРО. Претстедател на комитетот е Андреј Мицов од Кресна, а одговорен на пунктот - брат му Прокоп Мицов.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стара Кресна имало 720 Македонци егзархисти.[2][4]
Стопанство
Демографија
Според пописот од 2011 година, во селото живееле 71 жител.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[6]
националност | број | % |
Бугари | 67 | 94,3 |
Роми | / | 1,11 |
Турци | / | 0,29 |
други | 3 | 4,22 |
не се самоопределиле | / | 0,40 |
не одговориле | 1 | 1,40 |
Вкупно | 71 | 100 |
На табелата е прикажан бројот на населението во Стара Кресна за периодот 1965-2011:[7]
Remove ads
Општествени установи
Администрација и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads