Влахи

село во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Влахиmap
Remove ads

Влахи (бугарски: Влахи) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[2]

Кратки факти Влахи, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Влахи се наоѓа во југозападниот дел на Пирин Планина, оддалечен 9 километри од општинскиот центар Кресна и околу 160 километри од главниот град Софија. Најниската надморска височина во атарот на Влахи е во областа Градешка Бања - 250 m, кај Влахи веќе е околу 600 m, а во нејзините највисоки делови достигнува над 2000 m. На север се граничи со село Оштава, на исток се искачува до планината Пирин, на југ се граничи со атарот на селата Плоски и Горна Градешница, а на запад стигнува до границата на Долна Градешница, Кресна и Ново Село.

Во минатото Влахи било составено од централен дел и маалата - Драколово, Полена, Југовци, В'чковци, Ѓурѓевица, Шемето, Дебел Д'б, Патриловци, Аркалејтовци, Манчовци, Куртовци, Куртишовци и Клетиште.[3]

Покрај селото тече Влахина Река, којашто претставува лева притока на реката Струма. Топографијата е разновидна - ова подрачје се наметнало како сливно подрачје на Влахинска Река, која од север се граничи со планината Албутин и сртот Страшана скала. Во атарот на селото се наоѓа прекрасниот Влахински водопад, кој е полн со вода речиси цела година.[4]

Регионот спаѓа во подрегион на преодно-медитеранскиот климатски регион. Просечната годишна температура е 14 °C (0 – 2 °C во јануари и 24 °C во јули).

Шуми - даб, зимски даб, обичен габер, бел и црн бор, бука, јавор и др.

Животинскиот свет е разновиден - диви свињи, срна, мечки, лисици, волци, цицки итн. Тука се и некои од ретките и заштитени видови змии кои се наведени во Црвената книга на Бугарија - мачка змија, боа констриктор, песочна боа и змија леопард.

Remove ads

Историја

Отоманско Царство

Во Влахи се наоѓа најстарата црква во Кресненско, црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, изградена во 1757 година.[5]

Во текот на XIX век, селото било во составот на Мелничката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство. Во 1844 година била изградена црквата „Свети Илија“. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Влаки (Vlaki) имало 168 домаќинства со 560 Македонци.[6] [7]

За време на Македонското востание Влахи е прибежиште на востаниците. По востанието селото е опустошено и од 300 куќи преживуваат само 80 заедно со црквата и училиштето.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во селото имало 1.850 жители, сите Македонци.[6][8][9]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 720 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[10]

Селото Влахи е родно место на македонскиот револуционер Јане Сандански. Во 1901 година Јане Сандански ја киднапирал протестантската мисионерка Мис Елен Стон и одреден период ја држел како заложник во селото.

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 49 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[11]

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Remove ads

Население

Влахи во минатото било голема населба и во 1934 година броело 1.642 житела, а денес е на пат целосно да се расели. Според пописот од 2011 година, во селото живееле само 5 жители, запишани како Бугари.[12]

На табелата е прикажан бројот на населението во Влахи за периодот 1934-2011:[12]

Повеќе информации година, жители ...
Распределение населения по возрасту
в 2011 году
[13]:

Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[14]

Број на население
Вкупно5
Бугари5
Турци-
Роми-
Останати-
Не се определиле-
Без одговор-

Личности

Thumb
Јане Сандански
  • Јане Сандански (18 мај 1872 - 10 април 1915) — македонски национален херој, војвода и водач на Македонската револуционерна организација
  • Герасим Тодоров (27 ноември 1910 - 30 март 1948) — македонски револиуционерен деец, член на ВМРО.
  • Ангел Михаилов, македонски револуционер од ВМОРО[15]
  • Атанас Стојанов, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна[16]
  • Богоја Ташев, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна[16]
  • Григор Хаџиилиев (1872 – 1945), општественик и револуционер
  • Предлошка:Флагче Димитар Јосифов (1875 – 1936), македонски револуционер
  • Иван Сандански (1831 – 1907), татко на Јане Сандански, четник во четата на дедо Иљо Малешевски
  • Кољо Ризов, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна[17]
  • Костадин Јанакиев, свештеник во Влахи[18]
  • Мара Меѓуречка (1902 – 1988), македонска комунистка[19]
  • Никола Ризов, македонски револуционер
  • Стојан Ангелов, македонски деец, борец за црковна независност
  • Тома Ракалејски, деец на ВМОРО
  • Тодор Харизанов, свештеник
  • Спас Харизанов (1842 – около 1900), просветен деец
  • Стојко Харизанов, општественикј
  • Стоил Просјаков (1846 – 1943), македонски револуционер, деец на ВМОРО
  • Стојан (Танчо) Андреев, член на Македонско-одринските доброволни чети[20]
  • Тодор Зисов, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инџето во Српско-бугарската војна[21]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads