Крклино
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крклино — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во западниот дел на Битолското Поле, во областа Пелагонија, сместено во близина на магистралниот пат А 3. Атарот на селото на исток е рамничарски, додека западно се издига сртот на Облаковска Планина. Се наоѓа на 597 метри надморска височина. Оддалечено е 6 километри северно од Битола и 36 километри јужно од Прилеп.
Историја
Во отоманските документи, селото се споменува во 1636 година (помеѓу 15 јули и 3 септември) во една тужба покрената пред меџлисот од страна на Шејх-заде Мехмед-ефенди против жителите од село Крклино - Битолско, коишто, за земени 2.000 акчиња, требало на име лихва да му даваат по сто аргати, а тие не си ја исполниле својата обврска.[2]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Remove ads
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крклино живееле 460 жители, сите Македонци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Крклино се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 41 куќа.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крклино имало 440 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7]
Во 1948 година селото има 632 жители, додека во 1991 година живееле 654 жители.
Според пописот во 2002 селото има 611 жители, од кои 609 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 564 жители, од кои 549 Македонци, 3 Албанци, 1 Србин, 3 останати и 8 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Крклино е македонско православно село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Маљаковци (15 куќи), Амбуковци (8 куќи), Пачовци (3 куќи), Димитријевци (5 куќи), Беделевци (5 куќи), Карафиловци (6 куќи), Чучуковци (5 куќи), Нечковци (4 куќи), Таневци (8 куќи), Станковци (5 куќи) и Судевци (3 куќи)
- Доселеници: Рајковци (12 куќи) доселени се од селото Прекопани во Мариово? (меѓутоа во Мариово не постои село Прекопани, најверојатно се мисли на леринското село Прекопана); Кочиштани (3 куќи) доселени се од раселеното село Кочишта кај Старо Змирново; Тошковци (2 куќи) доселени се од соседното село Снегово. Се знае следното родословие: Блаже (жив на 35 г. во 1951 година) Цветко-Тодор, кој се доселил од Снегово. Тошковци и сега имаат ниви во близина на Снегово.[14]
Remove ads
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 133 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 495 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[17]
- Црква „Св. Теодор Тирон“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Богородица“ — гробјанска црква;
- Црква „Св. Илија“ — главната црква на Крклинскиот манастир;
- Археолошки наоѓалишта[18]
- Врчва — населба од средниот век;
- Крклино — осамен наод од железно време;
- Крклински Ливади — населба од римско време;
- Падарница — некропола од римско време;
Личности
- Нечо Иванов Малаковски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Ѓорги Јован Малаковски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Петко Шалевски — македонски партизан.
Култура и спорт
- Збирка на реткости „Филип“ - етно музеј и музеј на автомобили;
- Фудбалски клуб КСК
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads