Снегово
село во Општина Битола From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Снегово — раселено село во Општина Битола чиј атар се издига до сртот на Облаковска Планина, во околината на градот Битола.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа северно од градот Битола и се оди по земјен пат преку населбата Баир. Исто така, може да се стигне и преку село Крклино. Надморската висина изнесува 973 метри.
Историја
Во XIX век Снегово е мало албанско село во Битолската каза на Османлиското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Снегово живееле 45 жители, сите Албанци.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Снегово се води како чисто албанско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 7 куќи.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Албанци.[4]
Селото е наполно иселено по 1953 година, кога броело 166 жители, сите Албанци.[5]
Според пописот во 2002 селото е без жители.[6] Истото е потврдено и на пописот во 2021 година.
Родови
Снегово било албанско село.
Родови во селото биле: Саитлалар (3 куќи), Мустафај (4 куќи), Арифи (4 куќи) и Салиалар (1 куќа) споменатите албански родови се намножиле од три доселени куќи, домаќините се викале Ариф, Мустафа и Ибраим, доселени од селото Ќилина во Колоња (јужна Албанија). Имаат роднини во Нижеполе (Баку), во родот Мустафај се знае следното родословие: Рамуш (жив на 76 г. во 1950-тите) Демир-Мусатафа, предокот кој се доселил.[7]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads