Крнино

село во Општина Чашка From Wikipedia, the free encyclopedia

Крниноmap
Remove ads

Крнино — село во југоисточниот дел на Општина Чашка, Велешко.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Бабуна. Сместено е во ридски предел, на надморска височина од 760 м, а атарот му зафаќа површина од 9,9 км2[2]

Историја

Подрачјето на Крнино е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Србиница, 1,5 км североисточно од селото.[3]

Во XIX век Крнино било чисто македонско село во Велешката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 240 жители Македонци христијани.[4][5]

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Крнино (Karnino) живееле 376 Македонци, сите под егзархијата.[4][6]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го обележал Крнина (Krnina) како македонско христијанско село.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Remove ads

Стопанство

Селото има полјоделско-сточарска функција. Според податок од 1990-тите, 495 ха отпаѓале на пасишта, 397 ха на шуми и само 78 ха на обработливо земјиште.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Населението на селото значајно пораснало на почетокот на XX век. По Втората светска војна е забележано располовување на бројноста. Во текот на 1950-тите населението значително опаднало на (42 лица во 1961 г.) и продолжило експоненцијално да опаѓа во наредните децении.

Според пописот од 2002 година, Крнино имало 3 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads

Општествени установи

  • Црква „Св. Никола“ од XIX век, дело на познатиот мајстор Андон Китанов

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
  • Србиница — населба и некропола од римско време

Иселеништво

Според истражување направено во 1920-тите, родот Крнинци (3 куќи) во селото Долно Чичево, Општина Градско бил доселен од Крнино, но не е даден податок кога.[13]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads