Крстовар
врв на планината Водно во Скопско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крстовар (познат и како Крствар) — највисок врв на планината Водно, јужно над градот Скопје. Неговата надморска височина изнесува 1.066 метри, а територијално припаѓа на скопската Општина Карпош. Врвот не е пошумен и претставува тревнато-каменит терен. На врвот Крстовар се наоѓаат планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ и Милениумскиот крст, еден од белезите на градот Скопје поставен во 2002 г. Во непосредна на самиот врв се поставени и предаватели за телевизија и мобилна телефонија, а се наоѓаат и воено-полициски објекти, како и извор на вода. Нуди прекрсен панорамски поглед на целиот град Скопје, а кон југ на селата Горно Соње и Долно Соње, како и на планините Караџица и Даутица.
Remove ads
Пристап
До врвот се стасува по повеќе доброобележани планинарски патеки меѓу кои најпознати се: Буран-Цветкова, Олимписка, Пензионерска, асфалтиран пат за возила, како и со жичницата „Милениумски крст“ од Средно Водно.
Поврзано
Галерија
- Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“
- Милениумскиот крст
- Жичницата кон Крстовар
- Видиковци кон областа Каршијак
- Сонце од Кутлеш со страните на светот
- Каменливата рамнина кај Крстовар
Надворешни врски
![]() |
„Крстовар“ на Ризницата ? |
- Водно: Широки панорамски погледи од Водно — „Македонија вечна“
- Врв на Водно (Крстовар) во Скопје на Pinterest
![]() | Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads