Крсто Алексов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крсто Алексов Лековски (роден во 1877 во Ербеле, Албанија) — македонски револуционер, војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.[1]
Животопис
Алексов е роден во 1877 година во дебарското село Ербеле (Орбеле), Албанија. Емигрирал во Бугарија и од 1898 па сè до пролетта во 1902 година живеел во Русе. Членувал во локалното стрелачко друштво.
Кога се вратил назад во Македонија, станал четник во четата на Јанаки Јанев. Од 1906 година станал самостоен околиски реонски војвода на организацијата во Дебарско и Кичевско[2] со чета од 8 лица. Другиот реонски војвода во кичевско бил Павел Наумов, а нивни помошници биле Наум Илиев од Битола, Ефтим Божинов и Дончо Тодоров[3].
Во 1909 година отишол во Софија поради лекување, и потоа пак се вратил во Македонија.[4][5] На 14 октомври 1909 година се венчал во Кичево со Неда Арсова.[6] Умрел по 1918 година[7]
- Крсто Алексов (седнат)
- Милан Матов и окружните војводи на ВМОРО за време на Младотурската револуција, јули 1908 г. (од лево на десно): прв ред (седнати) - Трајко Зојката, Крсте Маликов, Славчо Пирчев, Ангел Базернишки, Божин В’лчев; втор ред - Димко Драговчето, Крсте Љондев, Блаже Биринчето, Милан Матов, Крсте Трајков, Крсто Алексов; трет ред (станати) - Ѓурчин Петров, Ѓорѓи Ралев, Никола Досев, Коста (Петре) Костурски, Димко Богов, Пецо Христов, Лазар Цириов, Стојан Мариовчето
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads