Ербеле

село во Дебарско, Албанија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Ербеле или Орбеле (албански: Herbel или Herbeli) — село во општината Дебар на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци со мешана вероисповед.

Кратки факти Ербеле Herbel, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во областа Долно Поле, во западното подножје на планината Дешат. На кратко растојание на северозапад е селото Довољани, а малку понатаму минува реката Црн Дрим. На 6 км источно по воздушна линија е границата со Македонија, каде од другата страна се реканските села Требиште и Битуше.

Историја

Средновековие

Thumb
Фрагмент од Орбелскиот триод

Селската црква „Св. Преображение“ датира од XII век. Во селото е откриен Орбелскиот триод, кој претставува средномакедонски ракопис од XIII век. Црквата и теќето во селото се прогласени за културно наследство на Албанија.[1]

Во Отоманското Царство

Според турски попис од 1467 г. во Харбил имало 5 домаќинства.[2]

Во XIX век Ербеле било македонско село во Дебарската Каза со мешана вероисповед. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Арбели (Arbeli) е село со 110 домаќинства сочинети од 226 Македонци-христијани и 171 Македонец-муслиман (торбеши).[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Орбеле (’Рбели) живееле 75 Македонци-христијани и 125 Македонци-муслимани.[3][5] Второспоменатите (торбешите) биле во процес на албанизација:

Жителите на селата Острени (Големо и Мало), Трново (Големо и Мало), Клење, Летен, Џепишта, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитат да се изјаснуваат како Арнаути и да зборуваат арнаутски.[6]

По податоци на Бугарската егзархија на крајот од XIX век во Ербеле имало 38 куќи на 190 православни Македонци. На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Арбеле (Arbélé) имало 224 православни Македонци под врховенството на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[3][7]

Селските свештеници традиционално се од родот Поповци, преселени околу 1800 г. од пешкопиското село Старавец. Последен егзархиски архијерејски намесник во Ербеле до 1912 г. бил Аврам Поповски, кој ги опслужувал селатата Крчиште, Довољани, Обоки и Граждани, а по смртта на поп Алексо од Макелари, го опслужувал и ова село.[8]

На почетокот на векот албанскиот род Муревци насилно присвоил речиси половина од селскиот атар, терајќи ги селаните да им изградат кули и неколку куќи ангарија. По Младотурската револуција во 1908 г. и разоружувачката акција летото 1910 г. Муревци им го продале приграбениот имот на селаните и се вратиле во Малесија преку Дрим.[9]

Во 1909 г. солунскиот трговец Спиро Бојаџиев му подарил на училиштето во Ербеле претплата на весникот „Дебарски глас“.[10]

Во 1911 г. селото е нападнато од чета на Елес Даут Мурески.[11]

Според статистиката на весникот „Дебърски глас“ во 1911 г. во Ербеле имало 35 македонски егзархиски (православни) и 18 „албански“ муслимански куќи (впрочем торбешки).[12] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Ербеле (Ѫрбеле) имало 38 православни македонски куќи со 190 жители, и работеле црква и училиште.[3][13]

Во Албанија

Во отчет на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. Ербеле е прикажано како село со 13 македонски куќи.[3] Во селото е било зачувано бугарското училиште кое работело сè до 1912 г. и ги опслужувало и децата од соседно Довољани. Двајцата, со помош на управникот на Макелари Дине-бег и кајмакамот на Долни Дебар Садик-бег го помогнале враќањето на тројца бегалци од селото, кои Македонија за време на албанските немири од септември 1913 г.[14]

За време на Првата светска војна австроунгарската воена управа спровела попис (1916-1918) во деловите на Албанија под нивна окупација, и Ербеле е заведено како село со 74 „Албанци“ (впрочем торбеши), 136 „останати“ (православни Македонци) и 3 Роми, а верскиот состав бил 77 муслимани и 136 православни христијани. Јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули ги сметаат резултатите од овој попис за точни.[15]

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Ербеле е се води како село со 60 куќи, од кои половината се на православни Македонци. Во селото била сочувана и црквата.[3][16]

На почетокот на XXI век јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули спровеле теренско истражување со цел да ја проверат тековноста на податоците за словенојазичните жители под постарите извори. Утврдиле дека, за разлика од Голо Брдо, во тогашната Општина Макелари веќе немало словенојазични муслимани, а православните словенојазични жители биле само во Ербеле и Горно Крчиште. Притоа, во Ербеле македонските говорници броеле 6 семејства во три големи рода од околу 20 души по род.[17] Макеларско и понатаму останува прилично македонски регион, и наодите од теренските испитувања се однесуваат само на јазичната состојба.

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Макелари.

Во 2018 г. селската црква „Св. Преображение“ добила икони на подарок од Бигорскиот манастир.[18] Жители веќе со векови секој 18 август го слават празникот Преображение Христово.[19] Во прославата и обредите учествуваат како православните, така и муслиманските жители.[20]

Remove ads

Знаменитости

  • Црква „Св. Преображение“ (XII век)
  • Ербелско теќе од Халветискиот ред

Личности

Thumb
Крсто Алексов
  • Баковци — род на градители[21]
  • Крсто Алексов (1877 - ?) — револуционер, војвода на ВМОРО

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads