Крсто Петрушев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крсто Трпев Петрушев ( 1924 во Волково — 1945 во Волково) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите за ослободувањето на Скопје и акциите за ликвидирање на балистите во Косово. Откако се префрлил во единиците на XV македонски корпус, учествувал и во пробивот на Сремскиот фронт. Но, тешко се разболел и бил демобилизиран од армијата. Како последица на болеста, починал во родното место.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads