Крушари (Ениџевардарско)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Крушари (Ениџевардарско)map
Remove ads

Крушари или Крушаре (грчки: Αμπελειές, Абелиес; до 1926 г. Κρουσάρι, Крусари[2]), на турски: Армутчи — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.388 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Кратки факти Крушари Αμπελειές, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во Солунското Поле, 5 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).[3]

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот на XIX век Крушари е забележано како чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Крушари (Армутчи) броело 320 жители, сите Македонци.[4][5]

Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Кошари) потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Крушари (Армут) (Gorno Krouchari Armout) имало 512 Македонци, сите под егзархијата.[4][7] Во селото наскоро проработела и бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште. Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев нашишал во 1909 г.:

Крушаре (Армути), 10/III, 1½ ч. од Вети Пазар. Вкупно 55 македонски егзархиски куќи: 2 свои и 52 чифлигарски. Се издржуваат од земјоделство, малку бубарство и пчеларство. Црквата е затворена: таа има дудова градина, која дава 6 лири годишно. Од Патријаршијата се откажало во 1903 г., а прво бугарско училиште се отвора сега. Училишната зграда (во црковниот двор) е двокатно со подрум, само една просторија, голема 4×2×2½×2 метри, таваносана, добро осветлена.[4][8]

Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Уапсени и претепани се 7 селани и учителот Атанас Попчев бидејќи биле поранешни членови на ВМРО.[9] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во овој период селото се состоело од 45 македонски куќи.[3]

Во Грција

Thumb
Улица во Крушари

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 430 жители, кои во 1920 г. биле 422.[3] Властите ги затвориле бугарската црква и училиште.[10] Во селото немало грчки дојденци,[11] но властите во 1924 г. принудно иселиле 29 жители во Бугарија.[3] Во 1926 г. е преименувано во Амбелие. И покрај иселувањата, на пописот од 1928 г. селото се зголемило на 469 жители, а потоа доживеало огромен раст, така што во 1940 г. Крушари имало 701 жител.[3]

Населението на Крушари било предмет на жестоко прогондство од монархистичката власт за време на Граѓанската војна поради истакнатата национална свест и народноослободителната дејност. Селото дало повеќе жртви, а некои семејства и поединци морале да пребегаат во Р Македонија.[3]

И покрај сите непогоди, во 1951 г. селото имало 758 жители и продолжило да расте. Во 1991 г. броело 1.162 жители, а по две десетлетија, на пописот од 2011 г. во него живееле 1.159 лица.[3]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Иако е полупланинско, селото напредува поради трудољубивоста на жителите. Главни производи се житото, грозјето, памукот и др. Делумно е застапено и сточарството.

Личности

Родени во Крушари
Починати во Крушари
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads