Крушје (Велешко)
село во Општина Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крушје — напуштено село во крајниот североисточен дел на Општина Велес во околината на градот Велес во сливното подрачје на реката Отовица.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е ридско на надморска висошина од 300 метри и се наоѓа 13 километри северно од Велес и на 31 километар југоисточно од Скопје.
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 28 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи муслимани, со 12 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 132 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 616 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало само 1 жител, Турчин.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото Крушје немало жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Родови
Крушје било турско село.
Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се:[6]
Турски
- Родови од словенско потекло: Смаколар (3 к.), Таракчилар (2 к.), Одолар (1 к.), Мемишлер (1 к.), Бајрамлар (2 к.), Мрлелер (2 к.), Иљазлар (2 к.), Узун-Али (2 к.), Алиманлар (2 к.) и Беќиралар (1 к.) сите овие родови се доселени од селото Брод во Гора. Во родот Смаколар се знае следното родословие: Фазли (жив на 60 г. во 1952 година) Ибраим-Усеин-Арслан-Исмаил, кој се доселил во селото; Торбешлар (5 к.) доселени се во 1915 година од селото Броштица во Дебарско. Кога се доселиле збореле македонски; Муса-Зеќир (3 к.) доселени се во 1915 година од селото Мелница. И они кога се доселиле збореле македонски; Жителите на селото највеќе брачни врски одржувале со Турците од Средно и Долно Коњари.
- Родови од турско потекло: Оџалар (4 к.) доселени се во 1925 година од селото Средно Коњари. Таму имале роднини наречени Имерлер; Каранџа (1 к.), Мула-Имер (1 к.) и Иплер (1 к.) и они се доселени од селото Средно Коњари.
Ромски
- Доселеници: Неџолар (3 к.) зборуваат ромски. Жителите на овој род се ковачи. Доселени се од селото Средно Коњари.
Избирачко место
Селото е опфатено избирачкото место бр. 2189 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект во сопственос на ордевски никола на селото Џидимирци.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[8]
Remove ads
Иселеништво
До 1952 година од селото во Турција се иселиле околу 40 семејство. Иселувањето продолжило и потоа. Во 1958 година во селото се населиле Бошњаци од Санџак. Но и тие се иселиле од селото.[6]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads