Крџалиево

село во Солунско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Крџалиевоmap
Remove ads

Крџалиево, Крџалево, Крџалар или Крџилар (грчки: Άδενδρο, Адендро; до 1927 г. Κιρτζιλάρ, Кирѕалар[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. До 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се малцинство.[3]

Кратки факти Крџалиево Άδενδρο, Земја ...
Thumb
Железничката станица во Крџалиево, околу 1891 г.
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во Солунското Поле, на 35 км западно од Солун.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Крџалиево било турски чифлик во Солунската каза, произлезен од вакуфот на Евренос-бег. В чифлика се отглеждат јачмен, пченица, пченка, боб и наут, како и овци, крави, биволи и коњи. Селаните ловеле риба и птици во Долното Езеро и Вардар. Околината на селото била наполно гола со исклучок на дрвата околу железничката станица (отворена во 1892 г.) и грмушарникот Кури. Подрачјето страдало од маларија, и многу семејства се преселиле во Коњари и Кулакија на крајот од XIX век поради лошите услови во чифликот.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Крџалиево (Крџалар) брои 250 жители Македонци и 35 Роми.[5][6] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крџалиево (Kirdjalevo) имало 320 жители Македонци, сите под егзархијата.[5][8] Според грчки извори селото било вратено под Цариградската патријаршија од андартските чети на капетаните Гоно Јотов и Константинос Буковалас.[9] На крајот од XIX век во селото се доселиле мал број Власи.[10]

Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Кирѕилар (Κιρτζιλάρ) е „словенојазично“ село во Кулакиската епископија со 165 жители (90 машки и 75 женски). Во селото работела грчката пропаганда — имало грчко основно училиште и детска градинка со 30 ученици (20 машки и 10 женски) со 1 учител.[4][11]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканские војни Крџалево се состоело од 32 куќи на Македонци христијани и 3 куќи на Роми муслимани.[12]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 176 жители кои во 1920 г. нараснале на 241 лица.[3] Дел од населението се иселило и на негово място се доведени Грци од Мала Азија и Тракија. Во 1928 г. Крџалиево е претставено како мешано домородно-дојденско село со 143 дојденски семејства сочинети од 562 лица.[13] Според Тодор Симовски, таа година во селото се заведени 800 жители, од кои 143 Македонци.[3]

По исушувањето на Ениџевардарското Езеро и по завршетокот на Втората светска војна селото станало трговски центар благодарение на железницата.[10] Кон порастот на населението придонело и доселувањето на жителите од соседното село Мустачево.[3]

На 9 септември 2007 г. е отворена новата железничка станица, сместена северно од станбеното подрачје.[10]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads